Published: Friday, June 12, 2015 20:16
Преговорите помеѓу политичките лидери на Иран и шестте светски сили (петте постојани членки во Советот за безбедност во ООН и Германија) во Виена завршија без договор. Светските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори информираат дека во однос на составот на текстот за евентуалниот компромис нема никаков напредок.
Инаку на овој состанок спротивставените страни планираа да ги решат спорните прашање и да ги усогласат датумите за пристигнување на министрите за надворешни работи кои би се вклучиле во консултативните состаноци.




