Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преговорите за името на дневен ред на Советот на министри на ЕУ

0
By Нова ТВ on May 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија и напредокот во преговорите за името ќе бидат една од главните теми на денешниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе се состанат за редовниот министерски совет, неколку недели пред јунскиот Самит на кој европските лидери треба да одлучуваат за препораката на Европската комисија за старт на преговори со Македонија и Албанија.

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, ќе ги брифира министрите на 28-те земји членки за процесот на преговори, додека двајцата министри за надворешни работи на Македонија и Грција треба да продолжат да преговараат во Брисел, по њујоршката рунда.

Димитров вчера попладнето имаше тет-е-тет средба со Могерини.

Еден час пред почетокот на редовниот совет на ЕУ за надворешни работи, утрово, Бугарија, која моментално претседава со ЕУ, заедно со Австрија, која го презема кормилото на ЕУ од 1 јули, организираат појадок на кој ќе учествуваат европските министри и министерот за надворешни Димитров, објави МИА.

Појадокот ќе биде прилика за македонската страна да побара од ЕУ “стратешки“ да размислува кога станува збор за стартот на преговори со Македонија, велат дипломатски извори во Брисел за МИА.

Димитров ќе ги информира европските министри за текот на реформите во земјата и ќе бара од нив да го “препознаат историскиот момент за Македонија и регионот“, брифираат добро упатени дипломатски извори во Брисел. Од ЕУ Македонија очекува “стратешко размислување“, што значи дека доколку постигне компромис за спорот со името, на земјата треба да и се даде  “ветер во грб“ и охрабрување на јунскиот Самит, во облик на јасен сигнал за старт на преговори.

Македонија и нејзините поддржувачи во ЕУ се решени да ги убедат скептичните земји дека доколку се постигне комппромис за спорот со името, мора Македонија да добие нешто конкретно за возврат, дали тоа ќе биде веќе прецизен датум за преговори на јунскиот самит или друга заложба, но со јасна временска рамка за почетокот на преговорите.

Аргументацијата на македонската страна и нејзините поддржувачи е дека е важно да се има предвид политичката криза од која излезе Македонија како и начинот на кој затвора децениски проблеми со соседите и дека тоа треба да биде наградено, не само поради Македонија, туку и како знак кон целиот регион на Западниот Балкан, велат изворите на МИА.

Овие пораки ќе им бидат пред сѐ упатени на земјите кои се скептични кон проширувањето како што се Франција и Холандија.

За Македонија е од голема важност да добие временска рамка за почетокот на преговорите во текот на оваа година, бидејќи следната година е изборна во Европската Унија и политичките процеси ќе бидат во застој.

Брисел Димитров министри на ЕУ Преговори за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.