Published: Wednesday, April 22, 2015 11:03
Саудиска Арабија објави крај на нападите во Јемен, бидејќи била постигната целта. А националната гарда на Саудиска Арабија е наградена од кралот Салман за своето учество во операцијата во Јемен.
Воздушните напади во Јемен се одвиваа четири недели, а ставен е крај со образложение дека Хутите (бунтовниците поддржани од Иран) веќе не се сериозна закана.
Претседателот на Јемен, Мансур Хади најави дека се враќа во својата татковина.




