На состанокот во Виена денеска Групата за меѓународна поддршка на Сирија, Арапската лига, Кина, Египет, ЕУ, Франција, Германија, Иран, Ирак, Италија, Јордан, Либан, Оман, Катар, Русија, Саудиска Арабија, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, Обединетите нации и САД разговараа за тоа како да се забрза крајот на сирискиот конфликт.
Учесниците, денешниот состанок го започнаа со едноминутно молчење за жртвите од терористичките напади во Париз и за неодамнешните напади во Бејрут, во Ирак, во Анкара и во Египет.
Членовите едногласно ги осудија во секоја смисла бруталните напади врз невини цивили и застанаа зад народот на Франција. Потоа учесниците се вклучија во конструктивен дијалог во рамки на напредокот поситгнат во октомврискиот собир.
Членовите на Групата за меѓународна поддршка на Сирија едногласно изразија итност за да се стави крај на страдањата на сирискиот народ и на физичкото уништување на Сирија, потоа дестабилизацијата на регионот и зголемувањето на бројот на терористи подготвени да се борат во Сирија.
Тие ургираат за резолуција според која паралелно ќе се одвива прекин на огнот и политичкиот процес во согласност со Женевското коминике од 2012 година и дека процесите мора да се одвиваат забрзано. Групата дојде и до заедничко разбирање за неколку клучни прашања.
Групата се согласи дека е неопходен прекин на огнот во Сирија што поскоро а претставниците на сириската влада и опозицијата да се движат кон решение под покровителство на ОН.
Учесниците изразија подготвеност за преземање итни чекори за поттикнување на мерки за градење доверба, која ќе придонесе за одржливоста на политичкиот процес.
Тие разговараа и за потребата да се преземат чекори за да се обезбеди навремен хуманитарен пристап на територијата на Сирија, и повикаа на итно доделување на хуманитарни испораки од ОН. Групата изрази загриженост и за несреќата на бегалците.
Учесниците побараа од сите инволвирани страни итно да престанат со употреба на оружје врз цивилното население, а ја потврдија и важноста на почитување на сите релевантни резолуции на Советот за безбедност на ОН, да се запре со нелегална трговија со нафта, антиквитети и заложници, од кои корист имаат само терористите.
На сиријската влада и опозицијата им дадоа рок најкасно до 1.јануари да стапат во заемен договор а за 18 месеци да се одржат фер и демократски избори во Сирија.
Изборите ќе треба да бидат спроведени под покровителство на ОН за да се осигура транспарентност и одговорност а на нив да може да гласаат сите Сиријци, вклучувајќи ја и дијаспората.
Во поглед на борбата против тероризмот, учесниците на состанокот решија дека Даеш, Нусра, и сите други останати терористички организации мора да бидат поразени.
Ваков сличен состанок се очекува да се одржи за еден месец повторно, кога ќе се разгледува имплементацијата на договореното.




