Патниот правец од Маврово до Дебар, на делницата с. Рајчица – Дебар, ќе биде во прекин од 13 до 17 часот поради извршување градежни работи на пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини на македонска страна нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата.