Published: Tuesday, April 7, 2015 11:17
Фудбалската федерација на Турција одлучи да го стопира домашното првенство поради инцидентот во кој нападнат беше автобусот на „Фенербахче“, при што шоферот на автобусот беше повреден од огнено оружје.
„Фенербахче“ веднаш по инцидентот побара прекин на првенството се додека случајот не се реши.
За сега, шампионатот е суспендиран на една недела што значи дека претстојниот викенд нема да има елитен фудбал во Турција, а првенството би продолжило на 17 април.
Во меѓувреме, турската полиција уапси двајца учесници во нападот на тимот на Фенербахче.
Според информациите на полицијата, едниот од нив пукал со пушката, додека другиот го информирал за тоа кога ќе минува клубскиот автобус




