Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекинат бојкотот во Железници, возовите тргнуваат согласно возниот ред

0
By Biljana on January 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 27, 2022 14:25

Исплатен е вториот дел од платата за декември лани во Железници на РСМ Транспорт со што машинскиот и извршниот персонал го прекина бојкотот.

Душко Чакаровски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, вели дека со исплатата на платата е исполнето нивното барање и тие се на работните места, а за половина час ќе тргнат возовите согласно дневниот распоред од возниот ред.

Претходно во соопштение од кабинетот на генералниот директор на ЖРСМ Транспорт наведоа дека „прекинот на работата односно штрајкот не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје и оти не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал“ кој имал плата со тримесечен просек за периодот 09/2021 година до 11/2021 година во износ од 50.848,00 денари, тврдење што беше негирано од Чакаровски.

Од претпријатието наведоа дека во услови на пандемија како и енергетска криза редовно ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци по однос на користење на електричната енергија, кој инпут енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење. Со целосниот прекин на железничкиот сообраќај, како што наведоа, им се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на ЖРСМ Транспорт, ЈП за железничка инфраструктура на РСМ и на целокупното стопанство во државата.

Прекинот на железничкиот сообраќај, како што изјави претходно Чакаровски, е според Одлуката од 2 ноември 2021 година донесена на собир на севкупниот машински и извршен персонал независно од членство во синдикат. На одлуката е наведено дека доколку до 25-ти во тековниот месец не биде исплатена платата во целост на 26-ти (односно првиот работен ден после 25-ти) со почеток во 07.00 часот машинскиот и извршниот персонал ќе ја бојкотира работата.

бојкот возови македонски железници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.