Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекината седницата за Груевски – се бара изземање на судечкиот совет

1
By Нова ТВ on August 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судечкиот совет на Апелациониот суд Скопје по вторпат денеска, уште не почната ја прекина јавната расправа по жалбата на неправосилно осудените екс премиерот Никола Груевски и поранешниот началник во МВР Ѓоко Поповски за набавката на мерцедесот од околу 600.000 евра.

Причина за прекинот на седницата е тоа што адвокатот на Поповски, Стерјо Зиков, во свое лично и во име на одбраната на Груевски побара иземање на судиите што постапуваат во овој предмет.

“Во името на одбраната на Груевски а и јас лично се потпишав бараме иземање на судечкиот совет”, рече Зиков.

Ваквото барање доаѓа откако судот не дозволи по втор пат за два дена да биде одложено судењето затоа што четворицата адвокати кои го бранат Груевски денеска се ангажирани како бранители на дел од обвинетите во слуачјот “27 април”.

“Поради тежината на казната за ова дело би замолил, во термин кој ќе биде усогласен да ми дозволите да ја образложам својата жалба. Ако мојот тим адвокати не се појавеше на другото рочиште ќе беа казнети како што тоа на понижувачки начин беше правено деновиве”, рече Груевски.

Судот го одби неговото барање со образложение дека странките биле навреме известени за терминот за денешното рочиште, а и поради тоа што вчера истото беше одложено.

“Тоа што одбраната на обвинетиот Груевски не е присутна на јавната расправа не е причина за одлагање на истата особено што судот му излезе во пресрет на обвинетиот Груевски и вчера ја одложи расправата за да може да ја даде својата одбрана”, рече претседателката на судечкиот совет Цветанка Периќ.

На Груевски не му помогна ни фактот што неговите адвокати утрово уредно го известиле судот дека нема да присуствуваат на јавната расправа пред Апелацискиот суд Скопје.

Донесувањето на одлукатадали ќе го иземе судечкиот совет се одложува за 13 часот, а од тоа зависи дали денеска ќе почне јавната расправа за случајот “Тенк” во кој Груевски е осуден на две години, а Поповски на шест и пол години казна затвор.

Апелација тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.