Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекинато судењето за 27 април – му се слоши на еден од обвинетите

0
By Нова ТВ on October 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 30, 2018 16:38

Денешното судење за случувањата во Собранието  на 27 април беше прекинато поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите.

По паузата за ручек, адвокатот на Сашко Марковски и укажа на судијката Кацарска, дека му е влошена состојбата, по што беше повикана екипа на Брза помош.

„ Медицинските лица го прегледаа обвинетиот и го известија судот дека нивна препорака е да биде однесен во Воена болница и да биде направена рентген снимка, рече судијаката Кацарска и продолжението на судењето го закажа  за утре во 10 часот.

Кацарска наведе дека  следните рочишта ќе траат подолго за да се надополни времето кое се изгубило денеска и вчера кога судењата траеа пократко.

На денешното рочиште се гледаа снимките  од собраниските камери 10 и 14.

На снимките се гледаа движењата во холот „Длаборез“, каде што се наоѓа канцеларијата на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски и низ кој се поминува за да се влезе во прес-салата.

На една од снимките постојано се гледа движењето на шефот на личното обезбедување на Вељаноски, обвинетиот Горан Ѓошевски. Обвинителката Трајчевска констатира дека на снимката се гледа дека лекарите се тука и дека низ холот трчаат службени лица.

Нешто по 21 часот на снимката се гледа бел чад, а полициски службеници стојат пред холот.  На снимката се гледаат и пратениците Влатко Ѓорчев и Крсто Мукоски како поминуваат низ холот. Обвинетиот Ѓошевски излегува во една од просториите и разговара со непознатото лице. По ова обвинетиот влегува во една од просториите каде што претходно влегуваат лекарите. Во еден дел од снимката обвинетиот Ѓошевски со полицајците се упатуваат кон прес-салата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.