Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преку „COMMONPASS“ на македонските граѓани им се овозможени дигитални вакцинални записи кои може да се верификуваат и се отпорни на измама

0
By Mirjana on November 25, 2021 ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Closeup hand of man showing flight ticket to staff on phone. Hostess checking electronic flight ticket. Airport check in counter and online air ticket.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската компанија “Сорсикс“ со права за технолошка и административна поддршка на “CommonPass” за Северна Македонија информира дека апликацијата “CommonPass“, која има за цел да овозможи приказ на Ковид-19 статусот на секој корисник сега е целосно функционална и достапна за граѓаните на Северна Македонија. Со тоа се овозможува корисниците електронски да ги документираат своите здравствени податоци поврзани со Ковид-19 во контекст на примена вакцина и/или резултат на Kовид-19 тест, од сертифицирани и акредитирани институции и на таков начин да се легитимираат на сите места каде е тоа потребно, во државата и надвор од неа.

“CommonPass“ апликацијата функционира со користење на податоци од дигиталната здравствена картичка “SMART Health Card“, која ја развија неколку светски реномирани компании како “Мајкрософт” (Microsoft), “Оракл“ (Oracle), клиниката “Мајо“ (Mayo Clinic) и голем број други компании, од различни индустрии, со единствена цел – да се овозможи поедноставен пристап и потврда за здравствениот статус на секој корисник, на точен и доверлив начин.

Северна Македонија е единствена земја од Европа која ја користи апликацијата “CommonPass“. Самата апликација, ги третира личните податоци на граѓаните со највисоко ниво на доверливост, водејќи се по најновите светски регулативи за заштита на личните податоци. Нашата компанија “Сорсикс”, во рамки на статусот Партнер на “CommonPass” за Северна Македонија има права за технолошката и административна поддршка за апликацијата на ниво на нејзини јазични адаптации, одржување и техничка поддршка за локалните корисници.

Секој заинтересиран корисник, преку апликацијата “CommonPass“, може да генерира дигитална здравствена картичка преку скенирање на QR кодот од личниот сертификат за вакцинација или направен тест. На таков начин на корисникот му е овозможено, преку мобилен уред, на едноставен и веродостоен начин да го прикаже сопствениот вакцинален или тест статус за различни намени – при влегување во ресторани, барови, трговски центри, премин на гранични премини – секаде каде што е неопходен доказ за вакцинација или негативен Ковид-19 тест. Заинтересираните можат да ја преземат апликацијата преку “Google Play” за Android уреди или преку “Apple Store” за Apple уреди.

CommonPass подготвен за целосно ставање во функција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.