НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со дијалог до решение: Потпишан нов Колективен договор во МВР

0
By Sashko on June 24, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев, денеска во Клубот на пратеници го потпишаа новиот Колективен договор на МВР, кој претставува производ од меѓусебните разговори и дијалог за натамошно квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди што се неопходни за подобрување на условите на работа на вработените.

Според Спасовски, потпишувањето на новиот Колективен договор и измените во голема мерка ќе имаат позитивна рефлексија во однос на синдикалните, социјалните и професионалните права на вработените во институцијата.

– За таа цел формулиравме три нивоа на новини: почнувајќи од интервенции од формално-правен карактер, потоа предлози од страна на Македонскиот полициски синдикат, како и интервенции и решенија кои произлегуваат од досегашната имплементација на Колективниот договор. За мене, за актуелното раководство на МВР, клучно беше, а така ќе остане и во иднина, строго придржување кон реформскиот курс што го одредивме уште на почетокот на мандатот. за динамично и сеопфатно нормативно, структурно, материјално-техничко унапредување на сите аспекти на работа на Министерството, следствено општествените потреби, како и потребите што произлегуваат врз основа на нашите евроатлантски интеграции и цели, притоа сообразувајќи се во целост со стандардите и вредностите на функционирање на  полициите во ЕУ, посочи министерот Спасовски.

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, како дел од работната група формирана токму за изготвување на Колективниот договор, а предводена од државната секретарка на МВР, Магдалена Несторовска, истакна дека со новиот Колективен договор, вработените ги задржуваат сите права што ги имаа и досега, но добиваат и низа нови.

– Со ова можеме слободно да кажеме дека испишавме историја во синдикализмот во Република Северна Македонија. Го потврдивме слоганот на Македонскиот полициски синдикат и МВР дека „Само преку дијалог се доаѓа до вистински решенија“. Докажавме дека не живееме во 16-иот век, кога работниците своите права ги остварувале на улица, туку напротив, работниците во ова модерно време своите права ги остваруваат само со соработка и дијалог, помеѓу работодавачот и претставници на работниците, во случајот МВР и МПС, предочи Кицев.

Меѓу поважните новитети во Колективниот договор, се вели во соопштението од МВР, се употреба на родовиот речник и терминологија, и тоа првпат во еден Колективен договор во државата, предвидена е нова одредба за заштита на работниците кои имаат три ефективни години до остварување на правото на пензионирање по сила на закон со навршување на 40 години пензиски стаж, при што тие не може да бидат распоредени на работно место во нивоа пониски од нивото на работното место на кое работат согласно Класификацијата на работните места, освен во случај на дисциплинска мерка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, изречена согласно закон и одредбите од овој колективен договор.

Понатаму, предвидено е домашно дежурство како посебен работен услов кој подразбира обврска за работник со статус на неуниформиран полициски службеник, кој не работи во смени, надвор од работното време да биде во состојба на приправност дома или на одредено место, при што предметната одредба, покрај обврските за работникот, содржи и референца за правото на работен додаток на плата за домашно дежурство, кој изнесува 5 отсто од час, со што се исправа една голема неправда што се провлекувала во МВР децении наназад.

Со Договорот се предвидува и право на платено отсуство, во случаи кога работникот го претставува Министерството или учествува како дел од државна репрезентација на спортски, културни и други манифестации, а ревидирана е и одредбата за работниците – доброволни крводарители, за кои е предвидено право на три слободни работни дена во кои се засметува и денот на давање крв, за секое давање крв, кои по правило се користат последователно и непосредно по денот на траење на основот, но не подоцна од 30 дена од денот на давање крв.

Предвидена е и одредба за посебна заштита за ноќна работа, со децидно уредување на категоријата работници за кои се однесува, при што оваа категорија работници има право на соодветна храна или надоместок за трошоци за исхрана во висина од 20 отсто од просечната нето плата по работник исплатена во Република Северна Македонија во претходната година, сразмено за деновите кога работникот работи ноќе.

Колективниот договор предвидува и јубилејна награда во висина на една половина од месечната просечна нето плата исплатена во Република Северна Македонија во претходните три месеци – за непрекината работа во ефективно траење од 10 години во Министерството, покрај досегашното решение за доделување на јубилејна награда за непрекината работа во ефективно траење од 20 години во Министерството, како и еднократен паричен надомест во висина од 100 евра во денарска противвредност, на работничка – мајка, за секое новородено дете и за работниците кои со решение на министерот се назначени за ментори, во висина од 150 евра во денарска противвредност, за временскиот период во кој спроведуваат обука во случаите утврдени со закон и одредбите од овој Колективен договор.

колективен договор Македонија МВР Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.