Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиера на грчко-македонска претстава во Битола

0
By on May 28, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 28, 2013 15:14

Мал драмски театар-Битола ја најави премиерата на македонско-грчкиот театарски проект, претставата „Рес“ од Еврипид во режија на Павлос Данелатос од Грција, за која преводот од грчки на македонски јазик го направи Томислав Османли.

Најголем дел од пробите се одржуваа во театарот „Андреас Воутсинас“ во Солун.

Според продуцентот Благој Стефановски, по враќањето од Солун во Битола, на 3 и 4 јуни актерите од Македонија и Грција претпремиерно ќе се подготвуваат на сцената на античкиот театар во Хераклеја Линкестис, а премиерата ќе се одржи на 6. јуни.

– Ова е еден од најзначајните театарски проекти. Станува збор за претстава во која настапуваат 30 лица, тоа е праизведба на текст од Еврипд кој случајно беше пронајден. Во претставата се говори на македонски и на грчки јазик, музиката ја подготви Оливер Јосифовски и во сите хорски композиции се пее на македонски јазик. На својот грчки јазик говорат актерите од Грција со кои одлично соработувавме и чија желба беше да се игра на античката сцена во Хераклеја Линкестис, истакна Стефановски.

Во претставата „Рес“ од Еврипид заеднички ќе настапат дипломирани ученици и ученици од вишата школа за Драмски уметности „Андреас Воутсинас“ од Солун, и македонските актери Јоана Поповска, Борис Чоревски, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Стефанија Зисовска, Борче Ѓаковски, Марија Стефановска, Здравко Стојмиров, Александар Лозановски, Сандра Грибовска, Бисера Бендевска, Александар Стефановски и Марија Кочовска.

– Претставата „Рес“ е финансирана од ИПА програмата за погранична соработка, во рамките на проектот „Од драма до современа уметност“-Интеракт. Претставата ја подготвувавме во извонредна работна атмосфера и без никакви пречки со што покажавме дека уметноста нема граници. Задоволни сме што во рамки на овој проект се одржа и семинар за драмски техники во образованието кој го изведе гостинката од Грција, професорката и режисер Софија Караканѕа, истакна Александар Лозановски продуцент во Мал драмски театар-Битола на денешната средба со новинарите во овој град.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.