Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиера на „Крал Иби“ во Драмски театар

0
By Нова ТВ on January 22, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 22, 2019 18:55

Драмскиот театар од Скопје, утре вечер ќе ја изведе премиерата на претставата „ Крал Иби“, работена по текстот на францускиот автор и родоначелник на драмата на апсурдот, Алфред Жари. Со тоа, Драмскиот театар по втор пат на репертоарот го става култниот текст на Жари, кој зборува за алчноста за власт и моќ, но и за инфантилноста на современите владетели и луѓе, воопшто.

Францускиот автор Алфред Жари претставува предвесник на Надреализмот во театарот како и основоположник на Театарот на апсурдот. Неговото култно дело Крал Иби се третира како првата модерна авангардна драма во театарската традиција која веднаш по нејзиното поставување на сцена, го сврте вниманието на публиката кон артифициелноста на театарските конвенции.Овој текст е еден од првите три стилизирани бурлески, во кои Жари ги исмева и покажува аномалиите на модерното време. Преку  главниот протагонист Татко Иби во една структура на гротескна пародија на Шекспировиот Магбет, плашливецот Крал Иби како  претставник на буржоазијата, е прикажан како некој кој бескурпулозно гази се пред себе, за да ги достигне своите цели, вели режисерот Васил Христов.

Според Христов, сто дваесет и две години по првата изведба на Крал Иби , ( како куклена претставата), ансамблот на Драмски театар се навраќа на драмата на Жари, заради нејзината оригиналност и провокативност. Кај Жари вулгарната гротеска се интерпретира како авторско-режисерско-актерска дистанца и коментар за не-вредностите на современиот човек.

Крал Иби е извор на многубројни, како теоретски, така и практични истражувања и мотив за градење на цели идејни движења во формирањето на театарската естетика на дваесеттиот век, додава Христов. Главниот лик во претставата го толкува Игор Ангелов, а настапуваат уште 13 актери. Покрај режијата, Васил Христов заедно со Тодор Даевски, се јавува како коавтор на сценографијата. Костимографијата е на Розе Трајчевска Ристовска, дизајнот на светлото е на Ѕвездан Миљковиќ, а зад видео материјалот стои Душан Кардалевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.