Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиера на претставата „Живот под кирија“ на Охридско лето

0
By Нова ТВ on August 14, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 14, 2013 12:42


Премиерна изведба на претставата „Живот под кирија“, по текст на Рефат Абази во продукција на Албанскиот театар од Скопје, ќе се изведе вечерва, од 21 часот, во големата сала на центарот за култура „Глигор Прличев“, во рамките на „Охридско лето“.

Претставата „Живот под кирија„ е работена во режија на Лука Кортина, сценографијата е на Сашо Поповски, костимографија Елена Сшасовска, кореографија Агнес Нокшиќи, а музика ја направи Филтин.

Играат: Бесфорт Идризи, Амернис Јовановска Нокшиќи, Хисмет Рамадани, Музбајдин Ќамили – Мучи, Линда Саити, Џевдет Јашари, Греса Паласка, Аида Елези, Генци Мирзо, Ибрахим Џемаили, Беќир Нуредини, Хајрула Рамизи, Асдрен Селими, Блерим Дардишта и Адем Карага

„Ова е петта премиера на Охридско Лето, а претставата „Живот под кирија„ ја најавуваме со посебно задоволство затоа што се работи за праизведва, светска премиера на театарска претстава“, изјави Ѓорѓи Јолевски, драмски селектор на фестивалот.

„Во име на институцијата можам да кажам дека овој проект е продукт на една чудесна екипа која преку еден сосема поинаков процес создаде креативна претстава. Албански Театар знае да проговори за она што се случува во општеството, тргнувајќи од себеси. Односно имајќи ја доблеста да ги изнесе проблемите кои се случуваат во него, на сцена и зад неа, посочува кон нештата кои се случуваат во општеството“, Адем Карага, директор на Албански Театар.

„Ми причинува особено задоволство што по моето дело “Аквариум” 2006, “Живот под кирија” ќе доживее праизведба токму на фестивалот Охридско Лето. Ќе го искористам разговорот со еден наш реномиран режисер кој откако го прочита делото ме праша “Рефет, и во „Аквариум„, и во „Бегство„ (дело кое сеуште не е поставено), па и во ова дело „Живот под кирија„ се се случува во театарот, за театарот. Зошто не „излезеш„ од театарот?!„ Јас му одговорив: „Затоа што ме боли. Ме засега. Ме боли што се случува во мојот театар, што се случува во останатите театри кај нас.„ Не би сакал да кажам дека „Живот под кирија„ е мојот револт, туку дека ова е мое посочување, мој придонес за поинакво гледање на работите“, изјави авторот Рефет Абази.

Режисерот Лука Кортина со оценка: Во уметноста е потребна храброст. Екипата на „Живот под кирија„ се млади и по години и по начинот на сфаќање на театарот, факт кој посебно придонесе оваа претстава да се создава, да изгледа и да се пренесе на ваков посебен современ начин.

„Иако веќе имаме искуство во театар, овој проект го издвојуваме од останатите по начинот на кој работевме и по тоа што всушност произлезе како краен резултат. Пред се, поинаку од минатото, овој пат одлучивме да живееме во театарот подолг период, да го почувствуваме театарот. Театарот има своја посебна музичка слика. Сцената крцка, железото вибрира, одот на актерите по сцената има посебен звук… Донесовме еден микрофон и еден компјутер и се впуштивме во процесот. Како краен музички продукт на претставата, заедно со целата екипа создадовме два музички сегменти, од кои првиот се случувува во живо во текот на претставата, при што глумците сами со помош на предметите на сцената произведуваат звуци (музика) и вториот снимен, истотака исклучително од предмети на реквизита и сценографија. Значи инструмент со кои ја создадовме музиката е самата сцена“, рече Пеце Николовски од Фолтин, кои за претставата создадоа оригинална музика.

Главната улога ја толкува Бесфорт Идризи, кој го игра ликот на Дин, младиот режисер. „Претставата се работеше на еден посебен начин, односно претставата не се поставуваше врз децидни одлуки на режисерот, туку се што ќе видите во претставата е резултат на наше заедничко истражување со режисерот, осносно тоа се наши заеднички одлуки. Можеби и се одлуки на режисерот, но доколку е така Лука успеал да ни остави впечаток дека ја имаме слободата да предлагаме решенија и заеднички да носиме одлуки, односно тие одлуки да ги чувствуваме како наши. Инаку, Дин, ликот кој кој играм е млад режисер со нови, свежи, револуционерни идеи, но на негово разочарување уште од првиот ден се соочува со сопки. Абсурдот, односно горчливата реалност е што од сиот уметнички кадар во театарот, на помош му доаѓа токму бифеџијата“, вели Идризи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.