Манчестер јунајтед го забележа и третото реми во серија во Премиерлигата. По 1:1 против Ливерпул и Стоук во изминатите две кола, составот на Жозе Мурињо вечерва одигра без голови со Хал на „Олд трафорд“. „Црвените ѓаволи“ сега имаат 42 бода и се шести на табелата во англиското првенство со 14 бода помалку од лидерот Челзи.
Сити, пак, беше убедлив на гостувањето кај Вест Хем. Фудбалерите од сината половина на Манчестер го декласираа тимот на Славен Билиќ со 4:0 и со 46 бода, колку што има и Ливерпул, се петтопласирани во конкуренцијата. Габриел Хесус беше асистент при првиот гол за „граѓаните“ дело на Кевин де Брујн во 17 минута, а и самиот погоди во 39-та. Останатите два го постигнаа Давид Силва во 21 минута и Јаја Туре во 67 минута.
Победник немаше во мечот меѓу Стоук и Евертон (1:1)
Премиерлига
Резултати, 23. коло
Вест Хем – Манчестер сити 0:4
Манчестер јунајтед – Хал 0:0
Стоук – Евертон 1:1
Табела: Челзи 56, Тотенхем 47, Арсенал 47, Ливерпул 46, Манчестер сити 46, Манчестер јунајтед 42, Евертон 37, ВБА 33, Стоук 29, Барнли 29, Вест Хем 28, Саутемптон 27, Вотфорд 27, Борнмут 26, Мидлсборо 21, Лестер 21, Свонси 21, Кристал палас 19, Хал 17, Сандерленд 16.