НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: кој плаќа за најважната споредна работа на светот

0
By Нова ТВ on October 25, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Спонзорските договори по правило се важна, ако не и најважна, алка во фудбалот што во денешно време се повеќе е бизнис од забава за одредени кругови. Тие ја прават една од разликите меѓу она што на хартија е гигант и „просечен клуб“. Ако телевизиските права во Премиерлигата овозможуваат, речиси, иста шанса за сите екипи, за пласманот на табелата се добиваат, за наши услови, „симболични“ износи, тогаш цената за прикачување на „вистинскиот“ збор на дресовите на Челзи и на Сандерленд, на пример, е различна. Затоа и ставката „Комерцијално“ е поважна за великаните одошто за сите останатите. И обратно. Фудбалските гииганти ќе бидат поважни за економските за сметка на останатите. Вака изгледа моментната состојба на релација клуб – спонзор во елитното фудбалско друштво во Англија.

 

ЛЕСТЕР

Спонзор: „King Power“

Дејност: Бесцаринска трговија

Држава: Тајланд

king

Приходите од спонзорства на Лестер беа најмали во однос на конкурентите во лигата во релативно „сиромашната“ сезона 2014/15. Но, Вишаи Шривадханапрабха успеа да урне рекорд со својата визија и стратегија. За смешна сума, според критериумите на ФА, името на неговата компанија сега може да се гледа на натпреварите во Лигата на шампиони. „Кинг Пауер“ е името и на стадионот на Лестер. Популарните „лисици“ се пример како може да се поклопат коцките при големи вложувања и верба во успех. Лестер е единствениот клуб во Премиерлигата што има неограничен договор со спонзорот. Талјанѓанецот уплатуваше по еден милион годишно во сите сезони на клубот во Чемпионшип лигата (втора лига) што важеше за, речиси, највносна зделка во таа конкуренција.

 

АРСЕНАЛ

Спонзор: „Fly Emirates“

Дејност: Патничка авиокомпанија

Држава: Обединети Арапски Емирати

14804882_1776596542603874_108389185_n

И Арсенал, како и Лестер, го крсти својот стадион во чест на спонзорот. Разлика, сепак, прави фактот што називот на дресовите на „топчиите“ е општо распространет во секојдневието. Една од најгоолемите светскки авиокомпании има цврсти врски со фудбалот. Покрај Арсенал, вложува капитал и во Милан, Бенфика, ПСЖ, Рал Мадрид и Хамбург. Благодарение на продолжената соработка во 2014 година, Арсенал се искачи на четвртото место според уделот на спонзорствата во вкупните приходи.

 

ТОТЕНХЕМ

Спонзор: „AIA“

Дејност: Осигурително друштво

Држава: Кина

aia

Договорот на Тотенхем и кинеската осигурителна компанија беше потпишан во годините во кои клубот не настапуваше во Лигата на шампиони што е причина за шестото место на „спарси“ на листата. Но, нивната соработка е пример за развојна преспектива. Најголемата осигурителна компанија во Хонг Конг, чиј имот во мај во 2015 година беше проценет на 172 милијарди долари, без сомнение може да понуди и значително повеќе за клубот од „Вајт Харт Лејн“.

 

МАНЧЕСТЕР СИТИ

Спонзор: „Etihad Airways“

Дејност: Патничка авиокомпанија

Држава: Обединети Арапски Емирати

14800999_1776598222603706_140699807_n-1

Промената на сопственичката структура во Манчестер Сити и дебитантскиот пласман во Лигата на шампиони се случија во една година (2011). Тогашниот договор на 20 милиони долари по сезона се чинеа повеќе од дарежливо. „Граѓаните“ се соочија со прекршување на правилото за финансиски фер-плеј. Зделката беше парафирана за 10 години, а веќе сега, на пола од рокот на важење, изгледа слаба како за англиски великан, така и за полуфиналист во Лигата на шампиони. Па, ако годишната сума на спонзорот остане непроменета до 2021 година, во тој случај, постои закана, за обесправување на позицијата на клубот.

 

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Спонзор: „Chevrolet“

Дејност: Производство на автомобили

Држава: САД

14787539_1776597309270464_1543216032_o

 

Финансиската успешност на Манчестер јунајтед не зависи од прикажаното на фудбалерите на теренот. Тоа и не треба посебно да се нагласува. Клубот од „Олд Трафорд“ го има најбогатиот договор во Премиерлигата што беше потпишан по сезоната во која „црвените ѓаволи“ завршија како седми. Токму такви и на нив слични соработки во Манчестер јунајтед привлекоа ликови како Жозе ММурињо, Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба.

 

САУТЕМПТОН

Спонзор: „Virgin Media“

Дејност: Масовни медиуми

Држава: Велика Британија

14804760_1776601572603371_722262161_n

Ова е првиот клуб што во периодот меѓу две сезони промени спонзор. Логото на компанијата „Veho“ во Саутемптон го замени амблем на голема медиска куќа. И сега во мечевите на „Sky“ ќе биде присутен тим чиј спонзор е „Virgin Media“ на која и самата телевизија припаѓа. И не само „Sky“ туку и „BBC“, „Discovery“, „National Geographic“ и уште еден куп други канали. Приходите покажуваат постојан раст. Ако производителот на електроника плаќаше еден милион годишно, „Virgin Media“ плаќа шест. И ефектот е забележителен. Клубот котира високо на премиерлигашката табела веќе осум сезони едноподруго.

 

ВЕТ ХЕМ

Спонзор: „Betway“

Дејност:  Обложувачка компанија

Држава: Малта

14813560_1776599459270249_262854058_n

Ова е еден од клубовите што ќе мора да се погрижи за подобрување на спонзорскиот договор. Колку поскоро, толку подобро за Вест Хеем на чија клупа е Славен Билиќ. Екипата игра на стадион во Лондон со капацитет од 60.000 места, а добива иста сума на пари како и Сандерленд. На „чеканите“, навистина, им е потребна секаква соработка, а од друга страна, пак, „Betway“ е светски бренд во обложувањето кој не заборава на Вест Хем ниту во постовите на Твитер.

 

ЛИВЕРПУЛ

Спонзор: „Standard Chartered“

Дејност: Банкарска компанија

Држава: Велика Британија

14804773_1776595499270645_1303977419_n

Иако важи за клуб што лошо располагага со парите, во истовреме Ливерпул важи и за клуб што многу добро заработува. Договор со банкарската компанија можеби не е извикан како што беше случај со „Carlsberg“, особено во периодот во која данската пиварница беше спонзор на целата Лига на шампиони, но е потпишан под многу добри услови. Лани беше обновен што ги дигна „црвените“ до третото-четвртото место по вредноста на спонзорските приходи. Прашање е само колку пати екипата заврши на тие позиции во Премиерлигата во последните седум сезони?

 

СТОУК СИТИ

Спонзор: „Bet365“

Дејност: Обложувачка компанија

Држава: Велика Британија

14813729_1776602735936588_445037819_n

Втор клуб на листата со лого на обложувалница на дресовите. Само што овојпат е англиска. „Потерси“ го заземаат 13 место според приходите што е незначително во споредба со настапите во Премиерлигата. И повторно моментот на престиж во самиот факт на соработката. „Bet365“ е пребаран 73,4 милиони пати на Google, а Стоук Сити вкупно 29,2 милиони.

 

ЧЕЛЗИ

Спонзор: „Yokohama“

Дејност: Производство на автомобилски гуми

Држава: Јапонија

yoko

Вистинскиот коментар за новиот договот на „сините“ е – навремен. Минатото лето кога Челзи ја освои титулата во Премиерлигата со Жозе Мурињо и кога се чинеше дека е загарантирано местото во Лигата на шампиони, на „Стемфорд Бриџ“ успеаја да издејствуваат значително подобар договор од, на пример, Реал Мадрид или Барселона. Овојпат мораше да се прифати под понепповолни услови за клубот. Па, прашање е дали Антонио Конте може да предизвика задоволство во „Yokohama“ за издадената согласност за продолжување на соработката.

 

ЕВЕРТОН

Спонзор: „Chang Beer“

Дејност: Пиварница

Држава: Тајланд

14825647_1776598822603646_2102459093_n

Ова е вториот тајландски спонзор во Премиерлигата по оној на Лестер и наскоро би можело да се случи да ги потиснат Англичаните според уделот на вложувања. Евертон и производителот на пиво од Тајланд соработуваат веќе 13 години што упатува на добар пример за цврста и долгорочна соработка. Најголем дел од навивачите на Островот и во Европа дознаа за брендот, откако ги прочитаа големите букви на градите на Невил или Лукаку во минатото за што „Гудисон парк“ легнува поприлично „солена“ сума на пари.

 

СВОНСИ

Спонзор:„BetEast“

Дејност: Обложувачка компанија

Држава: Велика Британија

14794143_1776602342603294_1790140663_n

Клубот од Кардиф е меѓу оние што „избоксуваа“ подобар договор. Ако популарните „лебеди“ од претходниот спонзор од Хонг Конг добиваа четири милиони фунти по сезона, британскиот синџир на облложувалници се согласи на еден повеќе. Но, Свонси мора да работи на зголемување на приходите. Помал стадион во целата Премиерлига има само Борнмут додека платната листа на Велшаните беше осма во лигата во сезона 2014/15.

 

ВЕСТ БРОМВИЧ АЛБИОН

Спонзор: „UK-K8.com“

Дејност: Онлајн казино

Држава: /

14813582_1776606415936220_1670948385_n

Вест Бромвич Албион или скратено ВБА останува најнеинтересниот Премиерлигаш. Летоска го променија спонзорот, имаат договор што е највреден во клупската историја. Меѓутоа едно азиско онлајн казино („TLCBET“) отстапи место на друго, средствата што ги добива клубот нараснаа на 2,8 милиони фунти по сезона (претходно беа 2,3 милиони).

 

КРИСТАЛ ПАЛАС

Спонзор: „Mansion“

Дејност: Онлајн казино

Држава: Гибралтар

14805403_1776602052603323_1239027912_n

 

Спонзорот и клубот по вторпат потпишаа договор на една година. Интересно е што „Mansion“ од 2006 година до 2010 година беше сппонзор на Тотенхем, а во 2011 и на Манчестер Сити. И ценовникот расте ли расте. Кристал палас можеби ризикува со едногодишни договори иако клубот заработи 10 милиони фунти за 24 месеци за што, колку за споредба, на Лестер му требаат десет години.

 

САНДЕРЛЕНД

Спонзор: „Dafabet“

Дејност: Онлајн казино

Држава: Филипини

14797401_1776603995936462_1760111078_n

На листата „Најголеми спонзорски договори“ пред нецела деценија се најде и Сандерленд. „Лозинка“ за влез во неа беше зделката со „Boylesports“ (уште еден обложувачки ланец во низата) „тешка“ 12 милиони фунти што во тоа време беше одлично завршена работа и за големите клубови. „Црните мачки“, како што ги нарекуваат, и денеска имаат прилично добар спонзорски договор што им носи 6 милиони фунти по сезона.

 

БАРНЛИ

Спонзор: „Dafabet“

Дејност: Онлајн казино

Држава: Филипини

14797467_1776612135935648_1335606540_n

Втор клуб во Премиерлигата со ист спонзор, но она што, исто така, го врзува со Сандерленд е статусот. Важат за сериозни конкуренти за испаѓање. Во Барнли добиваат трипати помалку од филипинските обложувалници. Па, освен мотив за преживување во англиската фудбалска елита, ќе навиваат за повлекување и на Сандерленд со себе во Чемпионшип, ако веќе не успеат во примарната мисија.

 

ХАЛ СИТИ

Спонзор: „SportPesa“

Дејност: Обложувачка компанија

Држава: Кенија

14797320_1776600862603442_1971058883_n

 

Ова е пример за спонзор од земја во која децата гладуваат, а богатите се гојат. Фирмата во минатото беше официјален партнер на Арсенал, со Хал сега има договор на три години. И сигурно уште од сега жали бидејќи шест од деветте милиони фунти ќе ги даде во клуб кој сега е во Чемпионшип.

14793937_1776607232602805_657658063_n

Ситуацијата со останатите три клуба што се дел од Премиерлигата по сезоната 2014/15 е следна. Мидлсборо во 2013 година потпиша петгодишен спонзорски договор што му носи еден милион по сезона. Спонзор на Борнмут е „Mansion“, онлајн казино од Гибралтар, како и на Кристал палас, од кој добива два милиони по сезона. Вотфорд има едногодишен договор на еден милион фунти со „138.com“ што е, исто така, онлајн казино што фудбалерите на премиерлигашот ги нареди на врвот на својаата интернет страница.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Премиерлига Спонзори фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.