Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Лестер најлош првак во историјата по 24 кола во сезона

0
By Нова ТВ on February 5, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лестер го има најлошиот биланс по 24 меча во сезоната што го прават најлош шампион во историјата на Премиерлигата. „Лисиците“ загубија на домашен терен од Манчестер јунајтед со 0:3 во последната средба од 24 коло во англиското фудбалско првенство и се веднаш над зоната за испаѓање, заедно со Мидлсборо и Свонси, со само бод повеќе од Хал.

Мкитарјан во 42 минута, Ихрахимовиќ во 44-та и Мата во 49-та беа стрелци за тимот од „Олд трафорд“ за прв триумф по трите нерешени исходи едноподруго, но и за, вкупно, 13 пораз на Лестер во шампионатот, четврти во низа. Тимот од „Кинг Пауер“ стадионот е првиот по Тотенхем во 1986 година без постигнат гол пет натпревари во серија.

„Црвените ѓаволи“ со 11-та низа од 15 меча без пораз, прва по ерата на Фергусон 

Манчестер јунајтед го комплетира 11 серија од најмалку 15 средби без пораз во Премиерлигата, прва по ерата на сер Алекс Фергусон. Рапсодијата на „црвените ѓаволи“ ја почна ерманскиот репрезентативец во финишот на првото полувреме со реализација како резултат на прекрасна соло акција, а 88 секунди по него се надоврза и Златан Ибрахимовиќ по асистенција на Антонио Валенсија.

 

Швеѓанецот погоди непосредно пред одморот и со 35 години и 125 дена стана највозрасниот играч во аналите на елитниот англиски клупски фудбал со најмалку 15 погодоци во една сезона. Дилемите околу победникот испарија накусо по паузата. Хуан Мата „стрелаше“ по асистенција на Мкитарјан за 3:0, слика на семафорот што остана непроменета до крај.

Претходно денеска Манчестер сити го надигра Свонси со 2:1.

Премиерлига, 24 коло

Лестер – Манчестер јунајтед 0:3

Манчестер сити – Свонси 2:1

Тотенхем – Мидлсборо 1:0

ВБА – Стоук 1:0

Челзи – Арсенал 3:1

Евертон – Борнмут 6:3

Хал – Ливерпул 2:0

Кристал палас – Сандерленд 0:4

Саутемптон – Вест Хем 1:3

Вотфорд – Барнли 2:1

Табела: Челзи 59, Тотенхем 50, Манчестер сити 49, Арсенал 47, Ливерпул 46, Манчестер јунајтед 45, Евертон 40, ВБА 36, Вест Хем 31, Вотфорд 30, Стоук 29, Барнли 29, Саутемптон 27, Борнмут 26, Мидлсборо 21, Лестер 21, Свонси 21, Хал 20, Кристал палас 19, Сандерленд 19.

Лестер Манчестер Јунајтед Премиерлига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.