Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Втора победа на Лестер без Раниери

0
By Нова ТВ on March 4, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лестер со нова важна победа во борбата за опстанок во Премиерлигата, втора по отказот на Клаудио Раниери. По Ливерпул (3:1), англискиот шампион попладнево го совлада и Хал со идентичен резултат и покрај погодокот на Клукас во 14 минута за водство на гостинската екипа. Фухс израмни во 27 минута, Марез во 59 минута го најави пресвртот што беше комплетиран со автогол на Хадлстон во 90 минута.

„Лисиците“ на тој начин прекинаа и една непријатна традиција во последните 17 настапи во кои само трипати успеваа да извлечат реми кога први примаа гол.

Манчестер ремизира со Борнмут со играч повеќе, Ибрахимовиќ промаши пенал

Манчестер јунајтед одигра 1:1 против Борнмут во првиот меч од 27 премиерлигашко коло. „Црвените ѓаволи“ не успеаја до цел плен против аутсајдерот иако цело второ полувреме имаа фудбалер повеќе. Во последната минута од првиот дел исклучен беше Сурман (главниот судија со мирна совест можеше да покаже втор жолт картон и за Ибрахимовиќ), а Швеѓанецот во второто (72 минута) промаши и пенал (Артур Боруч не дозволи да биде совладан).

И покрај неколкуте прилики на Манчестер јунајед до крајот, Борнмут , сепак, издржа да не прими втор гол и со себе да понесе голем бод од гостувањето на „Олд трафорд“.

Премиерлига, 27 коло

Резултати

Лестер – Хал 3:1

Стоук – Мидлсборо 2:0

Свонси – Барнли 3:2

Вотфорд – Саутемптон 3:4

ВБА – Кристал палас 0:2

Манчестер јунајтед – Борнмут 1:1

Ливерпул – Арсенал (во тек)

Тотенхем – Евертон (недела, 14.30 ч.)

Сандерленд – Манчестер сити (недела, 17 ч.)

Вест Хем – Челзи (понеделник, 21 ч.)

Лестер Манчестер Јунајтед Премиерлига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.