Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерот Ковачевски ја посети фабриката „Текспорт“ и упати порака компаниите да инвестираат во нови технологии ВИДЕО

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 16, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целта на оваа Влада е животниот стандард на граѓаните да расте. Затоа, создаваме услови за одржлив раст како на минималната, така и на просечната нето плата, а воедно се подготвуваме да отвориме дијалог за раст на пензиите, истакна премиерот Димитар Ковачевски по повод посетата на текстилната компанија „Текспорт“, која повеќе од 20 години работи во земјава.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, кој за време на посетата на оваа компанија беше придружуван од министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, изрази задоволство што од март годинава, 80.000 работници, наши сограѓани ќе земаат минимална плата од најмалку 18.000 денари, што е двојно повеќе од онаа во 2014 година.


Премиерот упати порака до компаниите да инвестираат во нови технологии за нова продуктивност и да инвестираат во знаење согласно современите трендови за поголема заработка.
„Ова зголемување значи дека дел од вработените и тука во оваа компанија ќе имаат повисока нето плата за околу 45 евра, а државата е тука за да помогне во реализација на законското решение, со субвенционирање на делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот за сите засегнати страни“, нагласи премиерот Ковачевски.

Тој дополни дека со отворен дијалог се постигна историски договор за раст на минималната плата, како и методологија со која таа континуирано ќе расте.
 
„Дефиниравме дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и очекуваме многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума“, посочи претседателот на Владата Ковачевски, и дополни дека верува дека решението за раст на минималната плата од 18.000 денари ќе влијае позитивно и на останатите плати во другите индустрии.

Во изјавата за медиумите, премиерот информираше и за започнатиот процес за изработка на методологија за одржлив раст на пензиите, како и за пакетот финансиска поддршка за пензионерите.

„Се подготвуваме да отвориме дијалог за одржлив раст на пензиите кој повторно ќе ги вклучи сите заинтересирани страни и кој ќе овозможи повисоки пензии“, истакна премиерот Ковачевски.

 

Димитар Ковачевски компанија Текспорт премиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.