Денес, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на холокаустот, до нас пристигаат пораките на сите жртви на холокаустот во нацистичките логори на смртта. Секој од нив има своја порака за сите нас живите кои имаме за цел никогаш да не заборавиме.
Наша обврска е да ги ги зачуваме нивните приказни – преку одржување на споменот за нив и нивното страдање, во историските учебници, преку образованието.Тоа е наша цивилизациска обврска. Да се бориме, постојано и бескомпромисно, претворајќи го сеќавањето во акција, и да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција
На овој ден се сеќаваме и им оддаваме вечна слава и почит и на македонските Евреи кои ги загубија своите животи во концентрациониот логор Треблинка во Полска, заедно со 6 милиони Евреи кои беа погубени во овој во Аушвиц-Биркенау и во другите логори на смртта.
Никогаш да не се заборави, за да не се повтори.