Голема врева се крена во Австралија по најавата дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи невакциниран на гренд слемот во Мелбурн. Меѓу најгласните е австралискиот премиер Скот Морисон, кој порача дека прашањето не е решено, иако српскиот тенисер е на пат кон Австралија.
Морисон нагласи дека ги чека сите докази кои ќе потврдат дека Ѓоковиќ со право е „медицински исклучок“, веројатно да ги смири и незадоволните граѓани на Викторија.
Во случај на недоволно добри докази, тогаш нема да го третираме поинаку од било кој друг и ќе се врати дома со првиот авион, порача Морисон и доаде дека „ќе нема специјални правила за Ѓоковиќ“.
И австралиската министерка за спорт Џала Пулфорд нагласи дека никој ќе нема „специјален третман“ и оти целиот процес за добивање статус на медицински исклучок е прецизен и јасен. Меѓутоа, со случајот со Ѓоковиќ е очигледно дека во Австралија стравуваат од незадоволство на граѓаните кои практично две години се наоѓаат во „локдаун“.