Ерменскиот премиер Серж Сарксијан поднесе оставка по 11 дена протести организирани од опозицијата.
“Протестите на улиците се против моето владеење, го исполнувам вашето барање”, рече Сарксијан.
Сарксијан беше назначен за премиер минатиот вторник, по два последователни мандати како претседател.
Синоќа 70 лица беа уапсени во судирите меѓу полицијата и антивладините демонстранти, меѓу кои беше и водачот на опозицијата Никол Пашинјан и уште двајца опозициски пратеници.
Тој беше притворен кратко време по неуспешните разговори меѓу него и премиерот Серж Сарксијан.
Во неколкудневните масовни протести беа упасени повеќе од 230 демонстранти. Демонстрантите го обвинуваа 63 годишниот Саркисијан дека ја присвојува власта и дека сака да го смени Уставот за да си овзоможи премиерски мандат со зголемени овластувања, по 10 годишен претседателски мандат.