Премиерот на Молдавија, Кирил Габуричи изјави дека се повлекува од функцијата по скандалот во јавноста за неговата диплома од средното училиште и факултет.
Според него, прашањата за неговото образование станале инструмент на политички игри. Габуричи, ја превзема функцијата во февруари.
Тој на почетокот на неделава побара оставка од јавниот обвинител и шефот на Народна банка кои не успеале да откријат каде исчезнале милијарда долари од молдавските банки.
Молдавија е во политичка криза веќе неколку месеци, откако во јавноста се дозна дека од три банки има недостаток од околу 1 милијарда долари – сума еднаква на околу една осмина од бруто домашниот производ на земјата.
Минатиот викенд Габуричи повикал оставки да си дадат и голем број лица, вклучително и јавниот обвинител и гувернерот на централната банка, поради тоа што не успеале дa ја откријат шемата.
Габуричи ги обвини молдавските политичари дека го оставиле да се справи сам со финансиските проблеми на земјата. Тој тврди дека без договор со ММФ, банкротот на неговата земја е неизбежен.




