Published: Wednesday, September 15, 2021 08:43
Претседателот на Владата Зоран Ззаев денеска ќе има обраќање во рамки на увидот во завршната фаза на пречистителната станица во Штип, што е дел од ХС „Злетовица“.
На настанот ќе учествуваат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи , министерот за транспорт и врски Благој Бочварски , министерот за земјоделство Аријанит Хоџа , амбасадорот на Словенија во Република Северна Македонија Милан Предан како и Јапонскиот амбасадор Хиронори Савада.
Дел од настанот ќе бидат градоначалниците на Штип и на Пробиштип, Сашко Николов и Драган Анастасов.




