Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прентрупаност, без здравствена заштита и други пропусти во затворите, утврдил Државниот завод за ревизија

0
By Marija Todorovska on April 10, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 10, 2025 11:40

Пренатрупаноста, недоволната инвестиција во инфраструктурата, нецелосно воспоставен видео надзор, недостатокот на медицински персонал и несоодветната техничка опременост влијаат негативно врз обезбедувањето хумани услови за лицата лишени од слобода. Дополнително, ограничената примена на пробациски мерки и недоволната постпенална поддршка ја намалуваат ефикасноста на ресоцијализацијата, додека нерегуларниот надзор ја доведува во прашање усогласеноста со препораките за подобрување на состојбите, се главните заклучоци од  спроведената ревизија на успешност на тема „Реформа на пенитенцијарниот систем“ од страна на Државниот завод за ревизија.

Во ревизијата се нагласува дека недоволниот развој на пробацијата во правосудниот систем во насока на имплементирање на соодветни и одржливи мерки за реинтеграција на сторителите во заедницата на кои се извршуваат алтернативни мерки и недоволно изрекување на пробациски мерки од страна на надлежните органи неповолно влијае на остварување на основната цел на пробацијата и намалувањето на затворската популација.

Со спроведената ревизија и применетата ревизорска методологија, прибраните ревизорски докази, стекнавме разумно уверување дека преземените активности од страна на надлежните институции не придонесуваат во целост за унапредување и хуманизирање на системот за извршување на санкции и реформи во пенитенцијарниот систем, велат од ДЗР.

Материјалните услови во одделни установи или одделенија при установите и пренатрупаноста, додаваат, не придонесуваат за обезбедување на хумани услови за сместување, предвидени во меѓународните стандарди од областа, почитување на личноста и достоинството на лицата лишени од слобода.

Пролонгирањето на инвестицискиот период за изградба на објектите од Сегмент 2 во КПД Идризово во рамки на Проектот „Реконструкција на КПУ во Република Северна Македонија” започнат во 2010 година, пред се како резултат на необезбедените буџетски средства за реализација на проектот, но и ненавременото и нецелосно спроведување на забелешките и препораките на БРСЕ, не придонесува за зголемување на сместувачките капацитети и подобрување на условите, се посочува во ревизијата од ДЗР.

Поради недостиг на финансиски средства, се додава, установите не можат да планираат активности, а планираните активности да ги реализираат и да ги подмират обврските од минати години.

Во установите недостасува безбедносна опрема, ниту е воспоставен унифициран концепт за визуелно-електронско набљудување и одржување на видео надзорот, ниту имаат предвидена обврска за изготвување на проекти/планови за утврдување на сите клучни ризични точки, потребниот број и вид на камери, местото на поставување на камерите за видео надзорот, а врз основ на претходна анализа изработена од стручни лица во областа. Поради недоволен број на припадници на затворската полиција зголемени се трошоците за прекувремена работа, а тужбите од страна на затворската полиција за работа подолго од полното работно време и останати додатоци на плата придонесуваат за зголемени судски трошоци и исплати по извршни решенија, се вели во ревизијата.

Се нагласува дека не е обезбедена целосна здравствена заштита на лицата лишени од слобода заради недоволен медицински персонал, а отсуството на ажурирани податоци за задолжително здравствено осигурување доведува до неостварување на правото за здравствено осигурување на лицата кои се на издржување казна затвор и издржување на воспитна мерка во воспитно – поправен дом.

Техничката спецификација за набавка на храна не е унифицирана поради што одделни установи имаат поразновидна храна од други установи, како и значителни разлики во цените на прехранбените артикли помеѓу установите. Воспоставениот начин на третман и постпенална помош на осудените лица не обезбедува нивна ресоцијализација и социјална адаптација во општеството. Во КПУ погодности користат сите осудени лица на кои тоа им го дозволува третманската група, доколку против нив не е поведена дисциплинска постапка, без разлика какви резултати постигнуваат при работниот ангажман, се заклучува во ревизијата.

Се посочува дека установите не се доволно кадровски екипирани со инструктори, кои би можеле да вршат стручно оспособување на осудените лица, а не располагаат ниту со доволен број на воспитувачи за спроведување на третмански мерки. Не е спроведуван образовен процес за осудените лица и децата во ВПД.

Вон установите се ангажирани околу 8 отсто од осудените лица, за кои не е обезбедена целосна контрола над работењето. Постои низок процент на искористеност на постпеналната помош, што е една од можните причини за рецидивизам во КПУ, се посочува во ревизијата.

Се заклучува дека во периодот 2021-2024 година не е извршен редовен надзор над работењето на сите установи од страна на Управата за извршување на санкции, ниту се врши контролен надзор, што може да доведе до непостапување од страна на установите по дадените забелешки и рокови наведени во наредбата од редовниот надзор и нивно навремено отстранување.

 

Државен завод за ревизија затвори Идризово пренатрупаност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.