Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Препорака наместо скептицизам: СЗО ја промени позицијата за заштитна маска

0
By Нова ТВ on June 6, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската здравствена организација (СЗО) им препорача на владите да го поттикнат населението да носи маски на јавните места каде што постои ризик од трансмисија на коронавирусот. Ажурираните препораки следуваат по резултатите од студиите спроведени во последните неколку недели, пренесува „Дојче Веле“.

„Со оглед на податоците, СЗО им советува на владите да ја охрабрат јавноста да носи маски во случај кога е тешко да се одржи физичка дистанца, како на пример во јавниот превоз, продавниците и во затворени и многу посетени места“, изјави генералниот секретар на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Нови студии

Претставничката на СЗО Марија ван Керхов изјави дека од оваа меѓународна организација ги советуваат властите да ги поттикнат луѓето да носат маски во јавност. „Им советуваме на владите да го поттикнат населението да носи маски. Поточно, нека носат маски од ткаенина, значи немедицински маски“, изјави Керхов во интервју за новинската агенција Ројтерс.

„Сега имаме резултати од истражувањата. Сега имаме докази дека ако маските се користат правилно можат да бидат бариера за потенцијално заразните капки“, рече Керхове.

Додека некои држави и дел од американските сојузни држави препорачаа или наметнаа носење маски во јавност, СЗО претходно зборуваше дека нема доволно докази за нивна делотворност. Тие препорачуваа маски да носат болните и оние кои се грижат за нив.

„Во сила останува препораката здравствените работници, кои се во контакт со лицата заболени од коронавирусот или има сомнеж оти го имаат, да носат маски. Меѓутоа, оваа препорака е проширена, па се советува сите работници, кои се во контакт со пациенти или со штитеници во домовите за стари лица, константно да носат маски“, вели Марија ван Керкхове.

„Лажно чувство на безбедност“

СЗО нагласува дека маските се само една во низата алатки кои можат да го намалат ризикот од трансмисија, но не би требало да пружат лажно чувство на безбедност.

Маските според СЗО и не можат да ја заменат физичката дистанца и хигиената на рацете. Ако луѓето ги допрат маските со валкани раце и ги контаминираат, тие дури може да го зголемат ризикот од заболување.

Покрај тоа, заразените лица треба да бидат постојано изолирани, да се пронајдат лицата со кои имале контакт и да се тестираат сомнителни случаи. „Ова е најдобрата одбрана против Ковид-19 за секоја земја“, рече шефот на СЗО, Гебрејесус.

Според последните податоци, во светот од коронавирусот починаа најмалку 390.868, додека заразени се на 6.640.290 луѓе.

Заштитна маска Коронавирус препорака СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.