Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Препораки за дијабетичари со ковид-19: Ако сте на инсулин, следете ги и кетонските тела

0
By Нова ТВ on April 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 4, 2020 13:38

Лицата со дијабетес може да имаат тешки симптоми и компликации во тек на инфекцијата со ковид-19, но доколку дијабетесот е добро контролиран, тогаш ризикот за сериозни компликации е сличен како оној кај општата популација, укажуваат од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Од таму препорачуваат лицата со дијабетес да имаат информации за контакт со нивниот лекар или медицинска сестра, како и навреме да обезбедат соодветни количини лекови и материјали за следење на дијабетесот дома за да немаат потреба да го напуштаат домот доколку се разболат.

„Кај лицата со дијабетес кои се заразени со вирусот може да дојде до влошување на гликемиската контрола за време на болеста. Тие треба да ги практикуваат „правилата при болест“ препорачани за каква било стресна состојба со цел да ја подобрат нарушената состојба со дијабетесот. Исто така, треба веднаш да се јават кај нивниот лекар/медицинска сестра за совет за тоа како да го следат нивото на шеќер во крвта, какви прилагодувања можеби ќе треба да направат во нивната терапија или исхрана и да добијат соодветна залиха на лекови (особено инсулин)“, нагласуваат од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Освен општите препораки за заштита од вирусот, посебни препораки за лицата со дијабетес во случај на болест се:

  • Внесувајте доволно течности
  • Следете го нивото на шеќер во крвта
  • Следете ја температурата
  • Ако сте на инсулин, следете ги и кетонските тела
  • Следете ги препораките на вашиот тим здравствени работници

За потсетување, лицата заразени со ковид-19, може да почувствуваат треска, кашлица, губење на здив (проблеми со дишењето), да се чувствуваат уморни и да имаат болки во мускулите. Според досегашните сознанија, 98 отсто од заболените преживуваат, поголемиот дел од случаите (> 80 отсот) се со лесна клиничка слика и покажуваат само минимални симптоми слични на грип и луѓето можат да се опорават во домашни услови. Одреден број случаи (околу 14 отсто) се тешки, а многу малку (околу 5 отсто) може да бидат критични. Некои луѓе немаат никакви симптоми, или имаат само благи симптоми на обична настинка.

Кај други пак, ковид-19 може да доведе до сериозни проблеми, како пневмонија (воспаление на белите дробови) или дури и смрт. Оваа состојба е почеста кај луѓето кои имаат други здравствени проблеми, особено постарите лица, оние со болести на срцето и крвните садови, хронично заболување на белите дробови и зголемен крвен притисок, како и лицата со дијабетес, кои може да имаат тешки симптоми и компликации во тек на инфекцијата со Ковид 19.

Но, како што претходно беше посочено, доколку дијабетесот е добро контролиран, ризикот за сериозни компликации е сличен како тој на општата популација. Ако луѓето со дијабетес не го контролираат добро дијабетесот и имаат чести варијации на крвниот шеќер, постои поголем ризик за потешка форма на инфекција со ковид 19 во споредба со општата популација, бидејќи е ослабната способноста на организмот да се бори со инфекцијата, се вели во дописот на Ендокринологија.

дијабетес Ендокринологија Коронавирус Насоки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.