Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преседан во културата: Министерот за култура и туризам зоран љутков, повторно против колективните договори, но овој пат и против судските пресуди

0
By Zoran Ivanov on January 8, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 8, 2026 14:43

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните празници на вработените во културата со честитка во форма на „Упатство“, со кое ПОВТОРНО се обидува да го поништи она што судот веќе јасно и недвосмислено го утврди: дека платите во културата мора да се зголемат согласно член 14 став 1 од Општиот колективен договор, односно за 10% од основната бруто плата утврдена со Колективниот договор за културата.

Наместо да спроведе судска пресуда, министерот самоволно и тврдоглаво, незнајно од кои причини, повторно ја воведува истата НЕЗАКОНИТА формула – т.н. „разлика меѓу август и септември 2023“, формула која судот експлицитно ја прогласи за спротивна на Општиот колективен договор и на утврдените права на вработените.

Со ваквото дрско и свесно постапување, кое претставува морална недоличност со умисла, преку одбивање да се постапува по службена должност и преку непочитување на универзалните начела на правото, господинот министер не само што ги пречекорува своите овластувања, туку се поставува над судот, над колективните договори и над законите. Ова е директно кршење на владеењето на правото, создавање правна несигурност и грубо мешање во веќе утврдени работнички права.

Ова не е „упатство“, туку обид за поништување на правниот поредок во културата. Не станува збор за никаква „административна грешка“, туку за свесно и јавно кршење на колективните договори, самоволно редефинирање на платите и демонстрација дека господинот министер си зема за право да ИЗМИСЛУВА права, наместо да ги спроведува.

Ова „упатство“ е срочено без ИССО стандарди, нема кој го составил и кој го одобрил, потписот на министерот е осамен – како министерот сам да го срочил – затоа што е јасно: никој што ги познава законите не сака да стави потпис на ваков противзаконски документ.

 

Министерот за туризам, кој во моментов си ја додели улогата на правник, адвокат и судија, утре можеби вештак, а зошто да не и премиер, мора да научи една едноставна, но суштинска лекција: не постои акт на министер што е над судска пресуда и над колективен договор.

СКРМ нема да дозволи платите во културата да се пресметуваат по „министерска математика“, наместо согласно закон и колективни договори. Повторно ќе ги преземеме сите расположливи правни механизми – од управни спорови, до иницирање постапки за утврдување кривична одговорност – со цел да се запре ова самоволие и да се заштитат правата на вработените во културата, кои добро знаат колку трнлив беше патот до склучување на Колективниот договор, на кој очигледно министерот заборави откако стана дел од извршната власт.

Кога извршната власт се поставува над судската, во случајов – Вие, господине министре – тоа не е чин на управување, туку чин на узурпација на воспоставените и договорени норми и правила кон кои, барем декларативно, и самите се стремите. Или не?

Дали премиерот Христијан Мицкоски знае дека министерот за туризам донел упатство без претходно да биде свикана Комисијата за толкување на Општиот колективен договор, како што јасно стои во информацијата на Влада од 9 декември 2025, што по редот на нештата треба да е основа за да се донесе какво било упатство за проблем кој зависи од сосема други страни. Дали господинот министер, со ова самоволие преку ова упатство, покрај тоа што се става над законите и судовите во државата, има намера да делува спротивно на насоките на владата од која е дел?

Затоа СКРМ учтиво возвраќа на вашата „честитка“ со следнава порака:
„Изнудени судски пресуди“, „донесени на начин на кој се донесени“ и „без вештачење“ – цитат, постојат исклучиво во Вашата имагинација и претставуваат произволни конструкции со кои се обидувате да ги оправдате сопствените погрешни постапки по преземањето на министерската функција.

Конечно, имајте доблест да ја преземете одговорноста за своите постапки и да покажете здрав разум, бидејќи не Вие, туку судот одлучува дали е потребно вештачење и под кои услови се носи судска пресуда. Ниту еден министер нема уставна или законска надлежност да ја преиспитува или релативизира судската одлука по сопствено убедување.

Со вакво однесување, преку континуирано кршење на законите и колективните договори, не се добиваат поени во една Влада; напротив, директно се нарушува нејзиниот кредибилитет и се урива нејзиниот рејтинг.

СКРМ доби уште 13 судски пресуди кои со претходните две се веќе 15, и истите ќе бидат објавени.

Среќни и весели празници, министре!

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.