Published: Monday, April 29, 2013 11:49
Во еден елитен ресторан во Минхен најпрво започнале тепачка, а потоа со оружје се пресметале припадниците на црногорската и српската мафија.
Според германските медиуми, во пресметката се повредени пет лица, меѓу кои еден потешко, Објавува PressOnline
Според првичните информации српската и црногорската мафија се судриле околу поделба на територија.
Истрагата ги прегледува снимките од надзорните камери во ресторанот по што ќе бидат приведени учесниците во инцидентот.




