Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преспанска желботека

0
By Marija Todorovska on October 25, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 25, 2024 13:46
И кога сме “кај грижата за човековите права”, особено на “Македонците во соседните држави”, станува јасна потребата од “чадорот” (СФРЈ) и нејзината моќ и намера, тогаш кога повеќе го нема. И токму поради таа можна злоупотреба “во наше име, а за туѓа сметка”, се воведени и тие заштитни механизми и во Времената спогодба, а последователно и во Преспанскиот договор и во Договорот со Бугарија.

Никица Корубин
Најновите идеи, како да се одложи обврската за спроведување на уставните измени, како услов за отворање на поглавијата за преговори со ЕУ, веднаш; парадоксално ретерираше до Преспанскиот договор. Парадоксално, затоа што целиот вештачки и наменски создаден наратив, за “бугарскиот диктат” гравитира(ше) околу квази-југословенскиот принцип на реципроцитет.
Реципроцитет на малцинските права, од лажно-супериорната позиција на (бившата) федерација, во БЈРМ манир – последниот жив рецидив на “југословенството” и се’ што проектирано носи, во реалната политика.
Па, оттаму “џелатот” на врските, метафорички и реални со империјализмот на “заедништвото на СФРЈ” преку БЈРМ – Преспанскиот договор, да стане извор на идеи за изигрување и релативизирање на обврските; не само што е парадоксално, туку е и комично. Каква пародија на нашата реалност .
И особено кога селективно се (зло)употребува: па, така членот 10, став 1 за “политичкиот” преоден период, само за внатрешна употреба, на усогласување на регулативата согласно отворањето и затворањето на поглавијата и нашето членство во ЕУ; се зема за репер за “одложена примена”.
Но, затоа пак целосно се игнорира, злоупотребува и прекршува членот 4, став 3, кој со амандманите од 2019 година е составен дел на уставот на нашата држава, преку член 49 дека “Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи”. На страна што самиот Преспански договор се базира на резолуциите 817 и 845 и Времената спогодба, каде што тоа е еден од клучните принципи.
За каков тогаш (непостоечки) реципроцитет се говори во јавниот дискурс? И за какво тоа потенцијално “решение” на проблем кој не само што не постои, туку и свесно се продуцира, како репер се зема Преспанскиот договор? За итроманско извлекување на тоа што одговара на наративот и ситуацијата, надвор од контекстот, на сметка на премолчување на се’ останато во контекстот, за одржување во живот на неодржлив јавен дискурс, со класична манипулација и дезинформација на јавноста.
И кога сме “кај грижата за човековите права”, особено на “Македонците во соседните држави”, станува јасна потребата од “чадорот” (СФРЈ) и нејзината моќ и намера, тогаш кога повеќе го нема. И токму поради таа можна злоупотреба “во наше име, а за туѓа сметка”, се воведени и тие заштитни механизми и во Времената спогодба, а последователно и во Преспанскиот договор и во Договорот со Бугарија.
Бугарите, кои живеат во Северна Македонија, како дел од бугарскиот народ, влегуваат во нашиот устав, затоа што ние самите сме создале принцип на постоење на “делови од народ” во преамбулата. И тоа нема никаква врска со внатрешното уредување на Бугарија, за кој сме се обврзале, како и за било кој друг сосед, дека “нема да се мешаме во внатрешните работи”. На страна што “визијата” за самите себе, како за “матица” држава, е всушност сржта на наменскиот иредентизам, кој вештачки се наметнува врз нас.
Па, така практично, правиме (не)свесно двојна злоупотреба, преку двојна виктимизација: и со индивидуалните човекови права на Бугарите во Северна Македонија (Македонци со бугарска самосвест, како што би рекла нашата “јавност”) и на Бугарите во Бугарија (односно Бугари со македонска самосвест, по нашиот рецепт на дефинирање на етнички идентитети). Ставајќи ги во позиција на реципроцитет, всушност тргуваме со нивните индивидуални човекови права, кои ги бараат и добиваат, преку различни механизми, по принципот “а, што ќе добијам за возврат”.
И ако се вратиме на “диктатот”, како параван за “одбрана на идентитетот” доаѓаме до се’ уште непрежаленото трајно раскинување со БЈРМ, токму преку Преспанскиот договор, како реален политички механизам за секакви (туѓи) идеи за “алтернативите на ЕУ”. Доаѓаме до Северна Македонија, како независна и европска држава, која постои на сосема различни постулати од онаа контролирана СР Македонија во рамките на СФРЈ и недефинираните остатоци какви што требаше да останеме во недоглед, преку БЈРМ.
А, идентитетот вака поставен, не е ништо друго, туку наративот и контролата на истиот, но без политичката рамка на “југословенството”, па макар било и “бившо”. Па, добро е и да го именуваме правилно: кој идентитет е “загрозен” – југословенско/македонскиот до 1991 година или македонскиот после 1991 година?
Што браниме, тоа што ни било наменето да бидеме во СФРЈ (само за внатрешна употреба) или она што самите бираме да бидеме во независна Северна Македонија од 1991 година? А, согласно со ова доаѓаат и “гаранциите”. Се чини дека не е битно што се гарантира, туку кому се гарантира. А, всушност единствената гаранција е Северна Македонија во ЕУ. И за идентитетот и за државата, и за граѓаните.
Од фејсбук ѕидот на авторката 
Бугарија Никица Корубин Преспански договор СФРЈ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.