Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресуда за „Триста“ по втор пат: Девет години затвор за Ѓоко Поповски

0
By Нова ТВ on October 22, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 22, 2019 12:56

Судијката Добрила Кацарска го осуди  на деветгодишна казна затвор Ѓоко Поповски, поранешниот помошник министер за внатрешни работи за случајот „Триста“ односно  за незаконски тендер за набавка на 300 патнички возила на МВР.

Поповски треба да ги надомести и судските трошоци, вештачења и проценки во висина од  29 милиони денари.

Судењето за овој предмет се врати на почеток, откако Апелацискиот суд ја укина првичната пресуда од 9 години затвор поради технички причини и го врати предметот на повторно одлучување во Кривичниот суд.

Триста: Ѓоко Поповски осуден на 9 години затвор

Според обвинението, Поповски кој бил овластен од тогашната министерка за внатрешни работи  Гордана да ги спроведува постапките за јавни набавки , одлуката  за јавна набавка на 300 патнички моторни возила ја донел во 2012.

Во огласот за јавна набавка како критериум била наведена економски најповолна понуда, и требало да го добие оператор со најповолна понуда, но тендерот бил манипулиран така што за набавка на патнички моторни возила добивале и петорангираните, четврторангираните и треторангирани понудувачи.

Комисијата наместо да изврши избор на економски најповолни понуда, во самиот тек на постапката ги изменила критериумите за јавни набавки. Еднаш утврден, критериумот не смее да се менува за цело време на јавната набавка, наведе Кацарска. Таа исто така рече дека Поповски не смеел да ја прифати одлуката на комисијата за јавни набавки и не можел да не знае за штетните последици.

Поповски веќе издржува казна затвор за случајот „Тенк“. Тој е осуден на 6 години и шест месеци затвор.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.