Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресуди против седум лица за спречување на контролор на летање во М-НАВ

0
By Marija Todorovska on June 14, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 14, 2024 13:10

Основниот кривичен суд Скопје денеска во врска со случајот од 4 јануари во просториите на М-НАВ, на Меѓународниот аеродром Скопје, донел пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека на шестмина од обвинетите за стореното кривично дело им е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор во траење од шест месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година и шест месеци по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело, додека за еден условна осуда со заштитен надзор.

– За еден обвинет, кој преземал потешки дејствија за да го попречи службеното лице и бил претходно осудуван за дело против општата сигурност, изречена е алтернативна мерка – условна осуда со заштитен надзор, односно казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, и истовремено Судот на тој обвинет му одреди и други обврски кои ќе бидат предмет на заштитен надзор, се појаснува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ги склучил предлог- спогодбите по целосно прибирање и анализа на доказниот материјал поврзан со настанот во просториите на М-НАВ, на Меѓународниот аеродром Скопје.

– Во текот на истражната постапка беа обезбедени вербални искази од вработени лица во М-НАВ како сведоци на настанот и од оштетеното службено лице, како и извештаи за безбедноста на авиосообраќајот во критичниот момент од Агенцијата за цивилно воздухопловство и од меѓународната агенција Еуроконтрол. Овие докази не посочуваат дека во времето на извршување на дејствијата на обвинетите имало опасност и била загрозена безбедноста на воздушниот сообраќај и од тие причини повеќе не опстојува кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од Кривичниот законик за што беше поведена истрага, се додава во соопштението од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Од видео материјалот прибавен во истрагата и исказите на оштетениот и сведоците, се подвлекува во соопштението, произлегува дека единствено се исполнети обележјата на кривичното дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие и тоа согласно ставот 3, за кој е запретена казна затвор од 3 месеци до 5 години. Од тие причини, надлежниот јавен обвинител побарал и добил согласност од Вишото јавно обвинителство Скопје за промена на правната квалификација под која се водеше досегашната постапка.

Обвинетите,  со заедничко дејствие на извршување, со сила дека непосредно ќе нападнат врз телото на оштетениот – лице што во рамкие на своите овластувања врши работи од јавен интерес како контролор на летање, се вели во соопштението, го спречиле во вршење на службеното дејствие.

– Откако влегле во објектот на М-НАВ спротивно на одредбите од Правилникот за редот и дисциплината на вработените во навигациското тело, тие започнале насилнички и навредливо да се однесуваат кон оштетениот вработен. Настанала расправија и турканица помеѓу обвинетите и оштетениот, при што во еден момент еден од обвинетите му удрил шлаканица во пределот на лицето на оштетениот. По настанот, сите го напуштиле објектот на М-НАВ, оштетениот не се вратил на работното место и на тој начин со нивните дејствија обвинетите го спречиле оштетениот во вршење на своите професионални задачи, како контролор на летање на давање услуги на воздухопловна навигација, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Соочени со доказите за ова кривично дело, обвинетите изразиле подготвеност да склучат предлог – спогодба со обвинителството и да ја прифатат осудителната пресуда. При одмерување на определените санкции биле ценети сите околности и дејствијата на секој од осомничените во предметот поединечно, отсуството на трајна последица, како и судската пракса за осуди за вакви кривични дела.

За осмиот осомничен опфатен со првичната истрага постапката е запрена, бидејќи тој не учествувал во дејствијата на спречување на службеното лице во вршењето на работите.

контролор за летање М-НАВ Основен кривичен суд пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.