Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, денеска треба да ја изрече пресудата за најтешкиот грабеж на пари во историјата на Македонија, кој се случи во април во НЛБ банка.
Обвинителството побара највисоки казни, а адвокатите поблаги казни за обвинетите.
Четворицата обвинети (Бобан и Горан Смилевски, Борис Мичевски и Мирослав Каевски), го признаа кривичното дело, но не открија што направиле со украдените пари.
Првообвинетиот за грабежот во НЛБ банка, трезористот Бобан Смилевски, во завршните зборови ја призна вината и рече дека парите ги украл оти бил во долгови и тој и семејството биле под закани. Им се извини на останатите инволвирани во грабежот и нивните казни ги побара за себе.
Мистериозен грабеж:Укради струја од ЕВН и лежи повеќе од грабеж на НЛБ
Сепак во завршните зборови никој од обвинетите не кажа каде се украдените пари.
Според обвинителството единствената олеснителна околност која може да влијае на намалување на казната е тоа што обвинетите претходно немале кривични дела.