НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресуди за „Рекет“: Девет години затвор за Јовановски, седум за Јанева

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ВЕСТИ
Фото: sdk.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Девет години затвор за неформалниот сопственик на 1 ТВ, Бојан Јовановски, седум години затвор за поранешната шефица на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), Катица Јанева. Ова се неправосилните пресуди што предмалку ги прочита судијката Васка Николовска Масевска во големата сала на Кривичниот суд Скопје.

Казната за Јовановски, кој беше спроведен од притвор во затворот Шутка, е за делото „примање награда за противзаконито влијание и перење пари“, додека, пак, Јанева, која поради здравствени и семејни причини, остана дома е осудена за делото „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Судијката Васка Николовска Масевска го почна излагањето со читање на обвинението за Бојан Јовановски-Боки 13 и за Катица Јанева во денешното носење пресуда за случајот „Рекет“.

„Бојан Јовановски и Катица Јанева се виновни. Во периодот од ноември во 2018 година до април во 2019 година, Бојан Јовановски познат како Боки 13 го искористил своето влијание врз Катица Јанева за извршување на службени дејствиа. За посредувањето земале награда од 1,5 милион евра, односно од сведокот Ана Камчева во износ од 500.000 евра, а од сведокот Јордан Камчев еден милион евра“, рече Николовска Масевска.

Боки 13 и претходно осудениот Зоран Милевски-Кичеец беа уапсени на 15 јули во 2019 година и по распитот во Основниот кривичен суд Скопје им беше одредена мерка притвор од 30 дена. Двајцата беа осомничени за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Боки 13 и за кривичното дело „перење пари“. Милевски по признанието беше осуден на казна затвор од три години, пуштен е од притвор и сега се жали пред Апелациониот суд Скопје. Јанева, која е во притвор од 21 август лани, беше обвинета за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Јовановски преку приватни снимки од бизнисменот Орце Камчев, првоосомничен во големата истрага за случајот „Империја“, беше пријавен од него дека му зел вкупно 1,5 милиони евра во три наврати за да му помогне преку Јанева да се спаси од затвор. Парите не беа најдени.

Јанева е осудена дека примила скап тросед и 50.000 евра за да му ја олесни положбата на Камчев во истрагата за „Империја“. Ни тие пари не се најдоа, Камчев од притвор беше пуштен од Врховниот суд, а Јанева се противеше. Ни овие пари не се најдоа, а истрагата за „Империја“ не е затворена.

Бојан Јовановски, по изрекување на пресудата за случајот „Рекет“, и порача на судијката Васка Николовска Масевска да ги бара парите кај Зоран и Вице Заеви, а не кај него. Притоа најави дека деновиве ќе поднесе кривични пријави против, како што рече, „вистинските сторители на кривични дела во Македонија“.

Обвинителката Вилма Русковска, по изрекување на пресудите во случајот „Рекет“, побара укинување на мерката куќен притвор за поранешната шефица на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), Катица Јанева и одредување на мерка притвор што беше одбиено од судечкиот совет на чело со Васка Николовска Масевска. Бојан Јовановски, пак, останува во притвор во затворот Шутка

Бојан Јовановски Катица Јанева Македонија Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.