Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресврт во САД: Трамп го презеде водството пред Клинтон

0
By Нова ТВ on November 1, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 1, 2016 13:31

Доналд Трамп, кандидатот на републиканците за претседателските избори во САД е во оредност пред ривалката Хилари Клинтон, на една недела пред изборите, покажуваат најновите анкети.

Ова е првпат од мај годинава, Трамп да биде во предност, покажува анкетата на ТВ мрежата Еј Би Си, според која Трамп има 46, додека Клинтон 45 проценти поддршка.

Анкетата следи по веста за  одново отворање на истрагата што ја најави ФБИ против Хилари Клинтон поради користење на првитната имејл адреса за испраќање информации со доверлива содржина.

Трамп ја изгуби битката во дебати со Клинтон, а исто така остана и без поддршката на многу проминентни републиканци поради бројните скандали и контроверзи.

Клинтон беше во водство и многумина веќе ја гледаа како нов претседател на САД, но новиот развој на настаните во врска со мејловите и нанесоа значаен удар на нејзината кампања.

Денеска е објавен нов скандал во врска со кампањата на Клинтон, дека таа однапред ги добивала прашањата за дебата.

Во центарот на овој скандал е Дона Бразил, интерим претседателката американската Демократска партија и стратег на кампањата на Хилари Клинтон која испраќала мејлови до Џон Подеста, претседателот на кампањата на Хилари Клинтон и Џенифер Палмиери, директорка за комуникација на демократската кандидатка за претседател на САД.

Според американските разузанавачи Викиликс го хакирал мејлот на Подеста, преку руски хакери, и ги објави овие пораки. Пораки кои откриваат уште еден под многуте скандали во трката за новиот кираџија на Белата куќа.

Мејлот е испратен на 5 март, ден пред демократската дебата помеѓу Хилари Клинтон и Берни Сандерс која се одржа во градот Флинт, град која стана симбол на социјалната неправда на Америка поради водоводната мрежа на градот затруена со олово.

“Едно од прашањата кое ќе и биде поставено на ХРК (Хилари Родам Клинтон) ќе дојде од една жена која имала кожен осип. Нејзиното семејство беше отруено со олови и таа ќе ја праша Хилари што може да направи за жителите на Флинт ако стане претседателка”, јавува Бразил која до пред неколку дена беше коментатор за Демократската партија на Си-Ен-Ен.

Утредента, за време на дебатата, Клинтон навистина доби прашање од една жена која рече дека целото нејзино семејство имало проблеми со кожата иако начинот на кој што било поставено прашањето не им одговара на наводите од мејлот на Бразил.

Во еден друг мејл Бразил пишува: “Од време на време ги добивам прашањата однапред” и во истата порака помеѓу редовите сугерира дека на Клинтон ќе и биде поставено прашање за смртната казна.

По овие откритија Дона Бразил даде оставка од Си-Ен-Ен и и во понеделникот на Твитер се заблагодари на телевизијата за соработката како политиколог и демократски коментатор.

Скандалот им дава нова тежина на зборовите на републиканскиот кандидат Доналд Трамп кој со недели повторува дека неговата противничка била фаворизирана со тоа што прашњата ги добивала однапред. Ова се случува во време кога Демократската партија го бираше својот кандидат за претседателските избори. Борбата се водеше помеѓу Клинтон и Берни Сандерс.

Демократската партија ниту потврди ниту деманираше.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.