Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претходниот старател знаел, но не пријавил дека девојчето е силувано

1
By Нова ТВ on February 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за труд и социјална политика подготвува прекршочни и кривични пријави за одговорни и стручни лица за пеколот низ кој помина 13 годишното девојче штитеничка на Домот 25 Мај изминатите години, кое било повеќепати силувано, а на почетокот на месецот беше подложено и на абортус како резултат на полов напад, соопштија денеска од Министерството по спроведената инспекција и најави дека сите сознанија и докази за овој случај се доставуваат до Основното јавно обвинителство каде од вчера е отворен предмет.     

Наодите од инпекцијата се дека “во периодот додека Р.И. била згрижена во згрижувачко семејство и во постапката за водење старателство врз малолетното лице, констатирано е дека старателите биле често менувани и притоа отсуствувале клучните елементи од старателската функција. При поставувањето на старател, Центарот не изготвувал наод и мислење на стручен работник, наод и мислење на стручен тим и лист за следење за работа со корисникот“.

И најважно, „од извештајот на старателот кој непосредно ја вршел старателската должност, не може да се види неговата грижа за лицето ставено под старателство, а особено за неговото здравје, издржувањето и оспособувањето за самостоен живот, за негово воспитание и образование, како и за сѐ друго што е од значење за лицето ставено под старателство“.

По информациите добиени од Р.И. во октомври 2016 година дека во текот на летото имала полов однос со одредено лице, назначениот старател не повел постапка за утврдување на фактите, ниту пријавил до Министерството за внатрешни работи, велат од Министерството.

Инспекцијата исто така утврдила дека „Центарот во повеќе наврати давал согласност за видување и престој на малолетната Р.И. кај нејзините родители и покрај тоа што им било одземено вршењето на родителското право врз три малолетни деца, поради континуирано злоупотребување и занемарување на родителските должности“.

-Документирано е дека за време на престојот кај родителите, таа била повторно присилувана и наведувана на питачење, се вели во соопштението од МТСП.

По промената на координаторот на предметот во јули 2017 година, утврдено е дека тој ги преземал сите потребни мерки: до МВР се доставуваат редовни пријави, а кога се појавиле индиции дека Р.И. е можна жртва на трговија со луѓе, таа е привремено сместена во шелтер центар и со неа разговарале инспектори од Одделот за организиран криминал и жртви на трговија со луѓе.

Министерството констатира дека и покрај овие интервенции изостанала реакција од ОЈО.

Покрај лоцирањето на одговорност во Центарот за социјална работа, МТСП паралелно ја испитува и работата на ЈУ Завод за згрижување на деца со вопитно – социјални проблеми и нарушено поведение, каде што е во тек инспекциски увид. Деталите од тој увид исто така ќе бидат споделени со јавноста, велат од Министерството.

Како беше откриен случајот

Алармот за случувањата во установата „25 Мај“ се вклучи минатата недела кога невладината организација Европски центар за правата на Ромите (ЕЦПР) објави дека 13-годишна штитеничка на домот била подложена на абортус откако забременила по сексуално злоставување.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека се сомнева дека станува збор за сексуална експлоатација на малолетничката и побара Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да го расчистат случајот.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека оформило предмет по писмени известувања поднесени од МВР, во врска со случајот со злоставуваната малолетничка од „25 Мај“ и оти се проверуваат и наводите од пријавите и за организацијата и работењето во установата.

Како што велат, отворен е и предмет по поднесена кривична пријава од страна на родителите на девојчето, преку адвокат, против лица вработени во Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, а за сторени кривични дела – „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Велес, пак, постапува по предмет за кој веќе во јавноста беа објавени детали. МВР во понеделникот соопшти дека против едно лице веќе поднеле кривична пријава за полов напад врз дете, кое признало дека имало сексуални односи со 13-годишното девојче лани во ноември, кога во бессознание била однесена во општата болница во Велес.

По применото известување, обвинителството веднаш издало Наредба за телесен преглед до Институтот за судска медицина. Во понеделникот до Обвинителството од страна на Министерството за внатрешни работи е пристигната кривична пријава против конкретен сторител.

Од Обвинителството истакнуваат дека информациите кои можат да се споделат во моментов се само оние кои нема да ја повредат тајноста на постапката.

Но реакцијата на ОЈО и МВР е дури шест месеци откако до нив е поднесена кривична пријава од ЕЦПР.

 

ЕЦПР ОЈО; МВР силувано девојче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.