Претседателката на Бразил, Дилма Русеф привремено ќе се тргне од челото на државата откако мнозинството сенатори утрово гласаа за отпочнување на процес на импичмент. Од 81 сенатор, 55 гласаа против Русеф.
Русеф е обвинета дека нелегално манипулирала со финансиите за да го сокрие од јавноста растечкиот дефицит пред изборите во 2014 година. Ова обвинување таа го негира.
Таа ќе биде заменета на чело на државата од нејзиниот заменик Микел Темер додека трае судскиот процес.
Шефот на кабинетот на Дилма Русеф, Жак Вагнер потенцираше дека Русеф е длабоко погодена и гневна.