Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

0
By Zoran Ivanov on November 10, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 10, 2025 16:03

Лондон: Претседателот на Одборот на Би-Би-Си, Самир Шах, официјално се извини за начинот на кој бил уреден говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во документарецот „Панорама“, нарекувајќи го тоа „грешка во проценката“, додека Трамп најави и правна акција.

Извинувањето доаѓа по силни критики и протекувањето на интерна белешка, која доведе до оставки на генералниот директор на Би-Би-Си и извршната директорка на вестите, Дебора Тернес.

Во писмената изјава испратена денеска до собраниската Комисија за култура, медиуми и спорт, Шах, кој беше назначен на функцијата од 4 март 2024 година до 3 март 2028 година, ја призна грешката. „Прифаќаме дека начинот на кој беше уреден говорот остави впечаток на директен повик за насилно дејствување“.

По објавувањето на интерната белешка од поранешниот советник Мајкл Прескот, Би-Би-Си примил над 500 поплаки. Во белешката на Прескот се тврди дека монтажата е „целосно погрешна“ и дека јавноста е доведена во заблуда бидејќи изгледало дека Трамп експлицитно ги поттикнува немирите

Споредбата на оригиналните и монтираните снимки покажува како Би-Би-Си селективно го монтирала говорот на Доналд Трамп, што резултираше со обвинување дека организацијата направила да изгледа појасно дека тој го охрабрил нападот врз американскиот Капитол. Издание на Панорама, емитувано една недела пред изборите во САД во 2024 година, споило клипови од говорот на Трамп одржан на 6 јануари 2021 година. Споеното видео сугерира дека Трамп ѝ рекол на толпата:

„Ќе одиме до Капитол и јас ќе бидам таму со вас и ќе се бориме. Ќе се бориме до пеколот“. Зборовите се земени од делови од неговиот говор со разлика од речиси еден час. Во монтажата бил изоставен делот каде што Трамп, говорејќи за маршот до Капитол, изјавил дека сака неговите поддржувачи „мирно и патриотски да направат нивниот глас да биде слушнат“.

Би Би Си говор корегира Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

ВЕСТИ June 24, 2026

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да…

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.