Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на Собранието Џафери се сретна со делегација на Францускиот сенат

0
By Ivana on September 13, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со делегација од Групата за пријателство Франција-Западен Балкан во Францускиот Сенат, предводена од претседателката на Групата, сенаторката, Марта де Сидрак.

Како што се наведува во соопштението од Собранието, Џафери го поздравил нагорниот тренд на развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, кои се традиционално добри и пријателски и се одвиваат со несмален интензитет речиси три децении.

-Конструктивната соработка особено е видлива во доменот на европската интеграција на земјава, која добива нова димензија согласно француската Стратегија за европска интеграција на Западен Балкан. Тој ги запозна гостите со актуелната работа на Собранието, како и за реформските чекори во приоритетните области на процесот на евроинтеграција согласно новата методологија, при што искажа очекување на валоризација на нашите резултати, пред или за време на Француското претседавање со Унијата од јануари 2022 година, се посочува во соопштението.

Претседателот на Собранието Џафери го поздрави потпишувањето на Договорот за активностите во земјава на Француската агенција за развој, при што истакна дека поддршката од пријателска Франција секогаш доаѓа во вистинско време и во клучни области.

Сенаторката де Сидрак, на почетокот на нејзиното обраќање изрази длабоко сочувство за жртвите од трагичниот настан во Тетово и посака брзо закрепнување на повредените. Таа му се заблагодари на Џафери за срдечниот пречек и овозможувањето отворен разговор и добивање одговор на сите прашања за конкретните теми за кои беа заинтересирани, како што е општата здравствена состојба, процесот на евронтеграција на земјата и тешкотиите на тој пат. Таа високо ја оцени меѓупарламентарната соработка во меѓународните парламентарни собранија.

-Соговорниците изразија уверување за натамошна взаемна поддршка на мултилатерален план, особено во работата на меѓународните парламентарни собранија преку постојаните делегации. Беше констатирана и заложбата за натамошен развој на економската соработка, соработката во образованието, културата, продлабочувањето на меѓупарламентарната соработка и споделувањето на заедничките искуства од надворешната политика и парламентарната дипломатија, се посочува во соопштението.

Освен сенаторката Марта де Сидрак во состав на Делегацијата се и сенаторите Арно Базен, надлежен за соработката со Република Северна Македонија, Венсан Сегуен, надлежен за соработката со Црна Гора и Микел Вале, надлежен за соработката со Република Србија. На средбата присуствуваа и претседателот на Пратеничката група на Собранието за соработка со Францускиот парламент, Александар Николоски и амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер.

Собрание средба џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.