Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на Собранието Џафери во Виена се сретна со претседателот на грузискиот Парламент Кучава

0
By НОВА ТВ Balaban on September 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 8, 2021 12:01

Во рамките на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти, што се одржува во Виена, Австрија, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, имаше средба со претседателот на Парламентот на Грузија, Каха Кучава.

Како што се наведува во соопштението од Собранието, Џафери изрази задоволство што по воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Грузија во 2019 година, политичката соработка на високо ниво се движи по нагорна линија, а потврда за ова е посетата на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на нашата земја во мај годинава. Тој се осврна на унапредувањето на меѓу-парламентарната соработка, истакнувајќи дека во двата парламенти се формирани пратенички групи за соработка и пријателство, а пратениците од двете земји успешно соработуваат и во рамките на меѓународните парламентарни собранија.

Џафери оцени дека Договорот за олеснување на визниот режим и Меморандумот за соработка во областа на културата се од големо значење за унапредување на билатералните односи, а Спогодбата за заемно укинување на визите несомнено ќе придонесе за подобра комуникација и зајакнување на пријателството меѓу Северна Македонија и Грузија.

Претседателот на Парламентот на Грузија, Каха Кучава, изрази благодарност што Република Северна Македонија ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија во рамките на меѓународно признатите граници, се посочува во соопштението. Тој истакна дека, двете земји ја споделуваат стратешката определба за членство во ЕУ и НАТО и меѓусебно се поддржуваат на мултилатерален план. Искуствата на Северна Македонија во интеграциските процеси, можат да бидат од особена полза за Грузија.

Истовремено, Кучава информираше дека во 2020 година во Парламентот на Грузија бил основан Парламентарен центар за истражување, врз основа на искуствата од Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонија. Тој оцени дека реципрочните посети на претседателите од двата парламенти во голема мера можат да ја продлабочат меѓу-парламентарната соработка и да ги унапредат билатералните односи.

Соговорниците, како што се наведува, се согласија дека во наредниот период треба да се направат заеднички напори за интензивирање и продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена. Постои голем простор и за унапредување на соработката во областа на туризмот, внатрешните работи, образованието, науката и техниката.

Џафери и Кучава изразиле подготвеност за натамошно унапредување на соработката меѓу двата парламенти, како во рамките на меѓународните парламентарни собранија, така и на билатерално ниво, меѓу пратеничките група за соработка и комисиите за надворешна политика и европски прашања, се наведува во соопштението.

Грузија Каха Кучава Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.