Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателските избори Џафери ќе ги распише на 8 февруари

0
By Соња Петрушевска on January 15, 2019 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 15, 2019 13:44

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска соопшти дека претседателските избори ќе ги распише на 8 февруари. Џафери вели дека според тоа, првиот круг од изборите ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај. Џафери вели дека првично било планирано првиот круг од изборите да се одржи на 14 април, а вториот на  на 28 април, но бидејќи се совпаѓа со Велигден, изборите ќе се поместат за една недела подоцна.

Заедно со претседателските избори ќе се одржат и локални избори во три општини каде сега има в.д. градоначалници.

Заев и Ахмети до крајот на месецов ќе ги започнат разговорите за заеднички претседателски кандидат на изборите што треба да се одржат годинава.

Во ДУИ се убедени дека со СДСМ ќе се договорат за кандидат кој ќе биде прифатлив и за двете партии и кој реално ќе ja отсликува кохезивноста на општеството. Нашите убедувања се слични и лесно можеме да постигнеме договор за да имаме заеднички кандидат велат од ДУИ.

Претседателот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ пред една недела изјави дека очекува победа претстојните претседателски избори иако партијата се уште нема официјален кандидат. Тој не откри дали и кој се пријавил на конкурсот за избор на претседател и дека кандидатот ќе биде избран по неговотo затвoрање, на 31 јануари, на партиска конвенција.

-ВМРО ДПМНЕ е парија која транспарентно се обраќа кон граѓаните и кон сите оние заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат на конкурсот и кои ги исполнуваат условите, а се пропишани со закон. Ќе почекаме до 31 јануари кога јавноста ќе ги дознае имињата  на тие што се пријавиле. Очекуваме заедно со пријавените кандидати и со оној кандидат што ќе биде избран на конвенцијата, ВМРО ДПМНЕ ќе понуди најдобра програма како што впрочем беше и во минатото. Јас очекувам голема победа на ВМРО ДПМНЕ на претседателските избори, изјави Мицкоски.

Мицкоски бара и предвремени парламентарни избори со претседателските

По изгласувањето на уставните амандмани во Собранието за имплементација на Преспанскиот Договор, Мицкоски побара заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Заев, на прес конференција во саботата рече дека Мицкоски иако бара, „моли Бога тие да не се одржат, но рече дека бидејќи се работи за барање од лидерот на опозицијата во ваков момент, тоа барање ќе биде разгледано во највисоките партиски тела на СДСМ.

Од ДУИ пак велат дека не е за предвремени избори, бидејќи со тоа ќе се забави економските и рефермескиот процес во земјата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.