Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претставата „Да се убие Зоран Ѓинѓиќ“ ја бранува Србија

0
By on March 14, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 14, 2013 13:54


На десеттата годишнина од смртта на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, во Белград пристигна контроверзната претстава во продукција на СКЦ Нови сад “Да се убие Зоран Ѓинѓиќ“ (Убити Зорана Ѓинѓиќа) во режија на Златко Паковиќ.

Публиката на премиерата, уште во фојето на Центарот за култура „Вук Караџиќ“ ја дочекале исечоци од весници кои известувале за настаните што се случувале неколку месеци пред атентатот на српскиот премиер. На влезот во театарската сала, се слушале зборовите на Томислав Николиќ кажани во февруари 2003 година: „Ако во следниве месец-два го видите некаде Зоран Ѓинѓиќ, кажете му дека и Тито неколку месеци пред да умре, имаше проблеми со ногата“.

Во главната улога е Никола Ѓуричко, кој ги доловува сеќавањата на Ѓинѓиќ на 5 октомври, неговата средба со Легија, се споменуваат земунскиот клан, Коштуница и други српски политичари.

„Режисерот избрал добар систем, направил политичко кабаре, горчливо и прецизно – во кое е прикажана баналноста на големото зло“, изајави Јован Ќирилов за српските медиуми.

Според познатата актерка Мирјана Карановиќ се работи за моќна, креативна, возбудлива, храбра, жестока и бескомпромисна претстава која е сето она што не успеа да го постигне претставата „Зорна Ѓинѓиќ“ на Ателје 212 на Оливер Фрљиќ.

Втората изведба на претставата која ја бранува јавноста во Србија е најавена за вечерва.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.