Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претставници на ЕУ: Мора да најдете компромис за уставните измени

0
By Ана Василевска on March 16, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставните измени се во ваши раце и тоа е ваша суверена одлука, но од наша страна јасно порачуваме прозорецот на можности е отворен и Северна Македонија има голем потенцијал да оди напред, сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, но треба да се направат одредени чекори за кои ќе ве туркаме напред, велат претставници на ЕУ.

Како што јави известувачот на МИА од Брисел, во однос на тоа дали ќе се случат уставни измени со оглед дека нема двотретинско мнозинство и противењето на опозицијата, велат дека невозможното секогаш станува возможно кога ќе се постават големи услови и кога ќе се увиди важноста на ова прашање во поглед на стабилност и напредок. Додаваат дека поддржуваат позитивен наратив и изнаоѓање решение.

За нив меѓувладината конференција со ЕУ што се одржа во јули беше значаен пробив за земјава и оти се свесни за фактот дека францускиот предлог наиде на различно толкување во земјава, но тие гледаат на него како на главно достигнување за државава да оди напред.

Тие додаваат дека Западен Балкан останува приоритет на, ЕУ особено во новиот геополитички контекст по руската инвазија врз Украина, кога, како што велат, драматично се смени и динамиката во поглед на проширувањето. на ЕУ.

Претставници на ЕУ не ја исклучуваат можноста претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел да ја посети земјава, во контекст пред подготовката на уставните измени, потсетувајќи дека тој силно ја поддржува земјава и беше во посета на Северна Македонија  лани кога имал плодни разговори со политички чинители.

Пораката е јасна, велат тие, Северна Македонија е успешна мултиетничка земја, која напорно работи на тоа.

Патот е јасен и отворен, повторуваат тие и ова е можност, како што велат, што земјава не смее да ја пропушти, при што ЕУ ќе продолжи да се ангажира. Потенцираат дека сепак уставните измени се суверена одлука на земјава и останува на неа што ќе одлучи. Европските претставници напоменуваат дека Северна Македонија има демократски избран Парламент и моќта на Унијата тука е ограничена.

Претставниците на ЕУ нагласуваат оти не гледаат алтернатива и оти, мора да се изнајде компромис. Тоа е нешто, велат, што мора да се направи и сите чинители треба да ја гледаат долгорочната цел, а таа е многу јасна и е водич за решавање на комплексни прашања.

Тие исто така споменаа и дека со Софија во Брисел се разгвара зад затворени врати за комплексни прашања и во овој дел лидерите на ЕУ блиски до земјава, работат на тој фронт.

Европска унија ЕУ- Западен Балкан уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.