НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Превенција, а не губење на човечки животи

0
By Менче Атанасова Точи on February 23, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претераа. Се тргнало со промоција на нови апарати, некакви нови методи за кои во светот одамна се знае, се става шминка, а внатре гнило,  се распаѓа се. Очајна е состојбата во болниците, нема чаршави, пижами за болните одамна нема, креветите и душеците кои не се сменети со децении преставуваат сериозна закана од инфекции.  Во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар каде се праќаат итните случаи од цела држава состојбата е катастрофална. Искршени плочки на sидовите и подот, дотрајани носилки кои како да пренесуваат вреќи со цемент, а не луѓе со отворени рани, со скршеници,  стари апарати, рѓосани масички за медицински прибор од кои одамна излегла бојата- ова е само дел од она што може да се види во Ургентниот центар. Инвалидски колички воопшто нема. На кој начин стигнуваат пациентите со скршеници на снимање до рентгенот е прашање за милион долари. А, таму низ тој Ургентен центар за едно деноноќие поминуваат стотици пациенти.

Но, поентата не ми е во катастрофалната состојба во болниците. Тоа многупати сум пишувала и неизбежно е да се каже, секогаш. Сакам да кажам дека заборавија нешто многу вредно, ја заборавија заштитата од болести, превентивата која е важна за заштита на здравјето, за квалитетен живот, за намалување на смртноста. Превенцијата од болести од која има бенефит и државата бидејќи помалку с е троши на лекови, на болнички лекувања, на рехабилитација.

Го  гледам министерот за здравство Никола Тодоров се растрчал промовира апарат со кој ќе се изведувала нова метода за да им се олесни дишењето на болните од рак. На тие што умираат.   Добро, во ред се и методите и апаратот, ако тоа им помага на болните. Но, целта на секоја држава е да има помалку болни. Да се намали процентот на заболени од рак, да се намали смртноста на новороденчињата, на родилките, да се елиминираат причинителите.  Зарем, тоа не е примарна работа на една држава за да има здрава нација и помалку трошоци?

Сега ќе речат, постојат програми во Министерството за здравство за превенција од многу болести. Да, постојат. Но, колку од нив се ефективни? Колку од мерките се само на хартија? Колку од тие средства се реално применливи, стигаат ли мерките до граѓаните?

Дел од овие програми се реализираат преку Институтот за јавно здравје. И токму причината што оваа институција нема средства да подели плати на вработените е што Владата не им ги дава парите за превентивните програми.  Тоа само покажува колку несериозно се сфаќа оваа работа.

Или пак програмата за заштита на мајки и деца каде што пишува дека годинава  300 000 денари се одвоени за јога вежби за трудници. Наместо мерка со која ќе се намали смртноста  на новороденчињата, по што сме водечка земја во Европа, државата нуди јога вежби за трудници.  Не се знае кој и каде ги држи овие вежби, дали некоја бремена жена досега ја искористила оваа мерка, каде завршиле овие средства. Слична е ситуацијата и со воведување на евтините таблети со фолна киселина. За една трудници да оди во амбуланта и да ги земе ќе потроши повеќе пари за градски превоз отколку што реално чинат таблетите. Бесплатните микробиолошки брисеви ги укинаа,а Ромите ги избришаа како ранлива категорија од оваа програма.  А, токму смртноста на новороденчињата е најголема кај Ромите-дури 17 промили на 1000 живородени деца.

Добро е да се знае кој и во чие име ги прави овие програми. Зошто во нив не учествуваат граѓанските организации, луѓето кои се засегнати? Зошто постојат ако поголем дел од мерките не стигаат таму каде што треба? Затоа велам дека апаратите и методите не вредат многу кога животот се гасне. Само помагаат да им се олеснат маките. Се друго е гаснење на пожарот. А, цената од сето тоа  е многу висока. Се мери во изгубени човечки животи и огромни финансиски трошоци за државата.

 

 

болници превентива
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.