Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентација на македонската археологија во Њујорк

0
By on April 29, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 29, 2013 11:40

Презентација на културните, археолошките и туристичките вредности на Македонија ќе се одржи денеска во Њујорк, во организација на светски реномираното списание „Археолоџи магазин“ кое има континуирана 65-годишна традиција во обработката и презентацијата на теми од областа на заштитата на културното наследство од целиот свет, и на Генералниот конзулат на Република Македонија во САД.

На настанот кој ќе се одржи во „Scandinavian house“ („Скандинавска куќа“) пред многубројните поканети гости од американската археолошка елита, туроператори и туристички агенции од САД, ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

На настанот, соопшти Министерството за култура, е предвидено и обраќање на Питер Хердрич, извршен директор на Археолошкиот институт на Америка, организација со 133-годишна традиција во заштитата на културното наследство која е издавач на реномираното списание „Археолоџи магазин“.

За најзначајните откритија во областа на археологијата во Република Македонија, предавање ќе одржи реномираниот професор, д-р Драги Митревски, од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, кој ќе се осврне на значењето на откриените наоди, како и вложувањата во областа на заштитата на културното наследство. Ќе биде прикажан и промотивен видеоматеријал со презентација на културното, археолошкото и туристичкото богатство на Република Македонија.

На настанот, македонската фолклорна традиција ќе биде презентирана преку настапот на Културно-уметничкото друштво „Свети Кирил и Методиј“ од Њу Џерси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.