Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентиран изгледот и функцијата на брзиот автобуски превоз

0
By НОВА ТВ on July 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Скопје, Петре Шиелгов, денеска ги презентираше идните придобивки на скопјани од брзиот автобуски превоз (БРТ). За него идниот месец ќе се распишат тендерските постапки, а од март 2022 година и се очекува изградбата на трасата низ која ќе минува овој автобуски превоз. Првата линија ќе сообраќа од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и обратно. Таа траса ќе се поминува за двојно помалку време, однсоно за околу половина час. Ќе бидат набавени околу 50 еколошки автобуси, а на првата линија автобусите ќе се движат на средина од булеварите, односно каде што се наоѓа зеленилото, на пример на булеварот Партизански одреди. Според Шилегов, тоа нема да му наштети на зеленилото.

-Зеленилото нема да претрпи штета, напротив, ќе се дуплира… Во моментов на средишните жардињери каде што треба да помине коридорот БРТ имаме 7 759 билки, од кои 619 се листопадни дрва, 1 358 се зимзелени, другото е ниска вегетација. Сега имаме еден дрворед. Тогаш ќе имаме два, имајќи предвид дека од двете страни ќе имаме зелени коридори, рече скопскиот градоначалник Шилегов.


Автобусите ќе се движат со брзина до 50 километри на час, а просечната автобуска постојка е на одалеченост од 500 метри.

По воведувањето на БРТ-системот, кој целосно се очекува да биде готов во 2025 заедно со втората траса, Скопје ќе стане првиот град на Балканот што ќе го имплементира ова модерно, економични и еколошки ефикасно сообраќајно решение, рече Шилегов.

Според планот, ќе има две линии со коридори наменити исклучиво за нив, по кои ќе се движат брзите автобуси. Дневниот капацитет на патници ќе биде 65 000. Наплаќањето нема да се врши во автобусите, туку на самата автобуска станица ќе се валидираат билетите.

-Скопје има сериозен проблем во сообраќајниот систем – недостасува брз, висококапацитативен и еколошки превоз кој ќе биде привлечен за граѓаните. Системот за брз автобуски превоз е нов тип јавен градски превоз, со физички издвоена траса за автобусите, со станици од затворен тип, со приоритет на сигнализираните раскрсници, АВЛ и информации за патниците во реално време, како и со паметни билети. Според меѓународната методологија за рангирање на брзите автобуски системи овој систем е бодиран како сребрен стандард – меѓу највисоките стандарди. Во Европа таков систем има уште во Руен, Франција и во предградие на Париз, рече професорот Никола Крстаноски од Техничкиот факултет во Битола на денешната презентација.

Генералниот менаџер на израелската компанија „РОМ транспортејшн“, Моше Хирш, рече дека нивната мисија е брзиот автобуски превоз целосно да се интегрира со постојниот автобуски систем кој е стар и треба да се реструктурира.

-Ќе направиме студии за да видиме што им треба на граѓаните на Скопје, каде живеат, каде сакаат да патуваат, во кој временски период и како. Станиците на автобусите од постојниот автобуски превоз и станиците на БРТ ќе бидат најблиску што може. Со воведувањето на БРТ, ќе се подобри услугата и на сегашниот автобуски систем со поголем број автобуси што ќе циркулираат, рече  Хирш.

Втората линија на брз автобуски превоз ќе биде од Бутел до Кисела Вода и обратно. За неа сè уште се финализираат деталите, односно допрва треба да се прошират булеварите низ кои ќе минува брзиот автобуски превоз. Трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4 км и 20 автобуски станици.

автобус БРТ превоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.