Украина, речиси, целосно го пополни прашалникот за пристапување во Европската Унија, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака.
„Работата е завршена и наскоро ќе ги предадеме нашите одговори на претставници на Европската Унија“, рече Зеленски.
Прашалникот, кој служи како појдновна точка на Европската Унија за отпочнување на преговори за пристапување, им беше предаден на украинските власти минатата недела од претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.
„Тоа нема да биде прашање на години, туку на недели“, рече Фон дер Лајен во таа прилика.
Украина побара членство во Европската Унија по почетокот на руската инвазија на 24 февруари.
Процесот на пристапување во ЕУ е сложен и трае долго, па дури и ако ЕК даде позитивна оценка за подготвеноста на земјата кандидат. Од тој момент до реалното отворање на преговорите може да минат години.
Фон дер Лајен му вети на украинскиот претседател дека ќе ги забрза првките чекори на Украина кон ЕУ, велејќи му дека тоа нема „да биде прашање на години, туку на недели“.




