Во експлозија на бомба чија мета бил воен конвој загинаа пет припадници на јеменската армија, а 13 се повредени. Поголем број од настраданите војници биле Саудијци.

– Експлозијата се случи во источната провинција Хадрамавт, која е оддалечена од територијата што ја контролираат бунтовниците Хути, изјави неименуван јеменски безбедносен извор.

Ниту една група се уште не презела одговорност за експлозијата.

Тоа е прв бомбашки напад врз саудиските сили во Хадрамавт од почетокот на војната во Јемен од 2015 година.

Денешниот напад се случи само неколку дена откако Хутите презедоа одговорност за нападите врз нафтените постројки во Саудиска Арабија.