Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прибе: Без брзање до трајни и кредибилни реформи во медиумите

0
By Светлана Јовановска on September 15, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Експертската група што ја именуваше Европската комисија (ЕК) а ја води Рајнхард Прибе се уште не е убедена дека најавените реформи во медиумите ќе бидат навистина трајни и кредибилни и, во својот втор извештај, бара од владата да не брза на ова поле но очекува “итна акција” за МРТ.

МРТ

“Јавниот сервис МРТ, се уште е во криза и бара итна акција, особено за решавање на финансискиот дефицит”, вели извештајот и додава дека без решавање на финансискиот проблем на МРТ “таа мора да почива на добрата волја на владата за фондови; МРТ се соочува со многу предизвици во менаџментот, недостиг на кредибилност кај јавноста поради нетранспарентноста, недостиг на одговорност и слаб јавен ангажман”, вели извештајот.

Во заклучоците за МРТ групата на Прибе вели дека на куќата треба да и се дадат адекватни финансиски средства за да се зајакне независноста на овој медиуми.

“Законските амандмани и политики мораат да обезбедат целосно транспарентна МРТ и одговорна пред сите заинтересирани страни; МРТ да се ангажира активно со сите заинтересирани страни па така на сите граѓани, без разлика на политичкото мислење, полот, возраста, попреченоста, да им дозволи да веруваат дека МРТ е нивен јавен сервис а не инструмент во рацете на политичките партии или други”, заклучува извештајот.

Потребна е сериозна стратегија за реформа на медиумите

Владата, вели групата на Прибе, треба обезбеди целосна стратегија во реформата на медиумите. Таа стратегија треба да биде добро планирана и базирана на истражување и кредибилна, навремена и транспарентна консултација со сите учесници во процесот, без разлика дали тие се приватни или јавни тела, не смее да има дискриминација.

Во Македонија има само пет печатени медиуми и тоа за оваа група не е добар знак. Оттука, тие препорачуваат дека морат да се преземат мерки како намалување или укинување на ДДВ и друг даноци за да се овзоможи плуралистичка медиумска сцена во која ќе има печатени медиуми.

Но и медиумите ќе треба да се придружуваат до одредени правила. Така, Прибе вели дека секој медиум треба да усвои кодекс на однесување и да го објави на својот сајт а треба да постои и механизам за жалби доколку се наруши кодексот на однесување.

Порака од Прибе за МВР

Во медиумскиот дел има порака и до МВР. Министерството на Оливер Спасовски треба да им даде приоритет во пронаоѓањето на авторите на сите напади врз новинари и истрагите треба брзо да бидат завршувани а не да се влечкаат со месеци или години без исход како што тоа го правеше претходната влада.

Владата треба да го охрабри истражувачкото новинарство со тоа што јавните институции ќе соработуваат.

Планот 3-6-9 на владата најавува дека ќе сопрат сите владини реклами. Тоа значи дека владата ќе престане да ги користи услугите на приватни маркетинг агенции за своите кампањи. Ова се однесува и на јавните претпријатија но не и на локалните власти бидејќи владата нема моќ да им дава инструкции.

Планот 3-6-9 исто така предвидува реформа на Законот за медиуми а приоритет на владата е ревизија на Законот за аудио и аудио-визуелни медиуми. Овој процес, вели Прибе, бара ангажман на невладиниот сектор. Но, по првите консултации помеѓу владата и невладините “некои од нив изразија скептицизам за вистинската природа на овој ангажман и некои велат дека процесот се чини избрзан и нејасен”, вели извештајот.

Конечниот заклучок на Прибе за новата влада и нејзината определба за реформи на медиумската сцена вели:

“И покрај тоа што намерите на владата ги цениме, прерано е да се цени дали ова ќе се преточи во акција. Сепак, постои ризик владата да избрза со испраќање на програмата во Собранието и со тоа да го испочитува процесот на транспарентност, недискриминација и консулатација. За да можат реформите да бидат кредибилни и трајни, тие треба да имаат консултативен пристап кој ќе трае повеќе од најавените 3, 6 или 9 месеци”, вели експертскиот извештај.

втор извештај Европска комисија МВР медиуми МРТ План „3-6-9“ Рајнхард Прибе реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.