Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прибе за ДВ: Нема повеќе и помалку важни реформи за Владата

0
By Нова ТВ on November 28, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: ДВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската Комисија во Македонија, во интервју за Дојче Веле вели дека е убеден оти владата има волја за спроведување на препораките.

ДВ: Последниот извештај на експертската група на Европската Комисија која ја предводевте беше објавен во септември 2017. Бележи ли Македонија некаков напредок во исполнувањето на реформите?

– Прво да појаснам дека јас не сум задолжен за следење на имплементацијата на препораките, туку тоа треба да го стори Европската Комисија.

Мојот впечаток, како аутсајдер кој со интерес го набљудува развојот во земјата, е прво дека Владата многу сериозно ги сфаќа препораките. На пример, тие интензивно работат на стратегијата за судството и на други нешта. Но без да ги знам деталите за тоа што точно се работи на секоја од препораките, имам впечаток дека се работи сериозно за да се напредува во неопходните реформи во областите кои ги покривме со нашите извештаи, а кои во најголем дел се однесуваат на владеењето на правото.

ДВ: Силен е впечатокот во дел од македонската јавност дека Владата беше премногу фокусирана на решавањето на спорот за името и загуби драгоцено време за спроведување на реформите. Сметате ли дека постои доволно политичка волја во земјата за спроведување на реформите?

-Би бил многу изненаден доколку недостасува одлучност за спроведување реформи. Тоа навистина би ме изненадило. Секако, разбирливо е дека спорот за името и различните чекори околу Преспанскиот договор и потоа постапката за ратификување на договорот привлекоа големо внимание во медиумите и во јавноста, и секако, исто така значеа многу интензивна работа за оние кои беа вклучени во нив, но како што реков, би бил многу изненаден доколку некој одговорно тврди дека другите нешта се запоставени или уште полошо дека веќе не постои волја за спроведување на реформите.

ДВ: Во речиси сите последни извештаи за напредокот на ЕК, како критика се наведуваше недостатокот на судска завршница за т.н. случаи на висока корупција. Сега конечно имаме пресуда за поранешниот премиер Груевски, но тој избега и доби заштита во земја-членка на ЕУ. Сметате ли дека ова е на некој начин парадоксално?

-Корупцијата е многу голем проблем во регионот, но исто така, како што сите знаат, и во некои делови од ЕУ. Корупцијата е проблем од повеќе аспекти: имате корупција на високо ниво, на ниско ниво и работењето на нејзино сузбивање е многу важно. Секогаш одбивам да коментирам поединечни случаи, но би сакал да кажам дека е изненадување што е доделен политички азил во овој случај, и исто така е изненадување колку малку време ѝ требаше на една влада на земја-членка на ЕУ да ја донесе таа одлука.

ДВ: Што би ѝ советувале на актуелната влада во Скопје, каде да ги фокусира напорите во однос на препораките. Проблемите се добро познати и се констатираат во речиси сите сфери на владеењето на правото, корупцијата, судството, јавната администрација, медиумите и.т.н.?

-Во право сте дека постојат многу точки на реформската агенда и ќе Ве разочарам, но нема да одговорам на тоа прашање. Во нашите два извештаи со препораки намерно одлучивме, и тоа и го објаснивме во извештаите: да не се прави рангирање на важноста на различните препораки и ќе ви кажам зошто: затоа што ако направите рангирање, луѓето брзо доаѓаат до заклучок дека сѐ што не е број 1, 2 или 3 не е толку важно и притоа не е секогаш ни лесно да се каже ‘ова е најважно’ а нешто друго не е. Се плашам дека одговорот на Вашето прашање е дека сѐ е важно.

Прибе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.